Леклер ако останеше на Медиум пневматици и не сменеше на Софт ќе го јадеше дебело.
Ферари знаеја дека Мерцедесите ќе ги прелетаат, па пробаа со софт пневматици да покажат заби. Нормално драма queen побара “give me all” и после виде каде му е местото.
Ботас го држеше над секунда Леклер за да му го расипе ДРС стинтот, а и тогаш кога беше Леклер под секунда неможеше да го помине Ботас со “give me all” пуштено на најјако.
Мерцедес играат многу калкулантски и рационално, ги оставаат Ферари почесто да се во “give me all” мод. На долгорочен план, Мерцедес собираат бодови особено на стазите кде што Ферари се побрзи, на краткорочен план оставаат Ферари фан рајата да се пали дека ете има потенцијал за титула.
Не би ме чудело да видиме бел дим од болидот на Леклер следната трка. Премногу долго го вртеше Леклер моторот додека го бркаше Ботас. Пред крајот вртеше еден круг за да го олади болидот и да атакува на најбрз круг. И нормално Хамилтон им покажа каде им е местото со .7 стотинки подобрување на момемталниот најбрз круг. И постави рекорд на патеката.
Ако внимателно ја слушавте радио комуникацијата на Хамилтон после првото влегување на Ферари во бокс, преку радио му рекоа : Ferari had pitted, keep your head down. Потоа му рекоа дека пневматиците имаат таргет + 15. Јасно е дека Мерцедесот добро вози на Медиум на долг рок, и тоа го користеа за да ги држат Ферари во тесен распон позади нив за да ги исплескаат после бокс со промена на Софт гуми.
Е сега се случи сејфти кар и нормално тоа беше дополнителен џокер кој што Ферари им го дадоа.
Ама и да не се случеше сејфти кар Мерцедесите ќе беа повторно први.