Ви благодарам на сите.
Земен е, али никако да ми се погоди времево да направам убави фотки, а и станувам многу касно па цело време е темница. Деновиве убави слики ќе направам.
Исто така и од внатре ќе направам слики.
Од амбасадата ми извадија потврда нивна заверена од МВР дека возилото е повеќе од 3 години регистрирано во МК и дека е ослободено од сите давачки. Со тој документ само нова таблица се вади 2000 денари, ништо друго, регистрацијата уште важи, осигурителната полиса и зелен картон се префрлуваат за 300 денари. Мал проблем е што они ѓи зимаат црните таблици одма, па мора без таблици да се вози, али мене ми се погоди АМСМ да е одма карши амбасадата. Се за еден ден се среди.
Амбасадата го продаваше возилото без посредници, купопродажниот договор се потпиша помеѓу мене и амбасадорот на нотар лично.