Убаво си размислил тогаш.
1.Iskreno ova so kaskoto ne go razbirav bash, mislev deka e 500 ili nad 500 evra godisno, za sekoja godina dodeka trae kreditot. Mozes malce da pojasnes za kaskoto ?
(( inace mozam da zemam od HALK ili od NLB ))
Премијата на каско осигурување (сумата која ја плаќаш на годишно ниво) зависи од (во најмала рака):
1. Сумата на осигурување (цената на возилото);
2. Франшиза (сумата со кој учествуваш во штетата - ако имаш побарување на штета од осигурителна компанија - таа сума ја покриваш ти);
3. Останати услуги од компанијата;
4. Евентуални бонуси од непријавени штети итн.
Еве ти еден калкулатор што го најдов набрзина, па внеси си параметри и види:
http://www.insurancepolicy.com.mk/patnicki.aspВо основа, колку поголема франшиза побараш, толку ти е помала премијата (сумата што ја плаќаш на годишно ниво). Води сметка, повторно, дека франшизата е сума со која ти учествуваш во покривањето на штетата. Лаички (колку што разбирам јас), на пример, ако имаш штета проценета на 1,500 евра, а имаш франшиза од 500 евра, осигурителната компанија ќе ти покрие само 1,000 евра, што е штетата без франшизата.
Истовремено, банките прифаќаат каско само со определени услови - клучен е дека франшизата не смее да биде поголема од 500 евра.
Everyone, каде грешам, поправајте.