двата телефони имаат слични екрани со тоа што нокиата има поголем екран, но на нокиата тачот е resistive, а на икспериата е capacitive, значи на нокиата ќе треба малце и да притиснеш за да работи тачот, што и не мора да значи дека е лошо, на некој луѓе таков тач повеќе им се допаѓа. Икспериата има поголема внатрешна меморија и повеќе рам од нокиата, исто така икспериата има и графички процесор, но најголемата предност што ја има икспериата е андроид оперативниот систем, апликациите и игрите за симбиан се светлосни години позади андроидот. Камерата на нокиата е подобра на хартија, 5 мегапиксели наспроти 3.15 на икспериата, но практично нема да осетиш никаква разлика зошто двата телефони имаат камери со фиксиран фокус и немаат блиц.
Ако ти е важно да играш игри на телефонот и да користиш апликации земи ја искпериата, ако можеш да живееш и без тие работи, тогаш моја препорака е да ја одбереш нокиата, на крај оди види ги двата телефони фати ги во рака види кој повеќе ќе ти лежи. Еден плус за нокиата, оди со доживотна бесплатна навигација, која функционира беспрекорно и најважно не ти троши интернет зошто мапите ти се веќе спуштени на мемориската картичка, а поголемиот екран на нокиата и тоа како е важен при навигација