Дечки ,браво за темава...над 10год. мотам тутун и мое лично мислење е дека не секој тутун е предвиден за полнење цигари(нормална големина). Повеќето тутуни кои се за 'ролање' се баш за ролање во ризла со slim филтер -од таа причина што овој тутун содржи 3-4 пати повеќе катран од купечка цигара т.е цигарата содржи тутун 1грам,а роланата ризла 0,3грама. Тутунот по пазариве е катастрофа ,а оној 'убавиот' е само добро накркан со арома-све сум пробал

. По мој вкус најдобар е нашиот 'обичен' македонски тутун сорта прилеп (значи кајмак од тутун) ,али предходно мора да има поминато процес на ферментација. Е сега ако има некој од форумов Отприлеп да не снабдуе со ферментирани листови или со готов ферментиран сецкан тутун ќе направи добар бизниззз.
Друга работа,тутунот од пазар е пакуван во кутија 1кг ,е сеа -во таа кутија од македонскиов тутун едвај собира 350-400гр...? пробано и така е. Едноставно, нашиот тутун има многу поголем волумен за помала тежина.
Од пред некоја недела по бензинскиве гледам се продава West во кесички од 30гр за 150 денари мислам е. Црвениот е мн.јак али сивиот е тамам и многу ми личи на МК тутунче. Карелија од фришоп е одличен- 25еура за 8 кесички по 30гр(60-70 мали цигарчиња од кесичка испаѓаат). Влагата во тутунот е најбитна за вкусот и јачината. Тутунот се чува малце посув ,а пред употреба 3-4 дена се прснува со дестилирана вода (со фина прскалка) умерено(да не се превлажни).
Малце го отерав муабетов ,али се надевам дека ке ви се најде