Бујрум еден дебел update
. Не знам како сум допуштил да не го пишам овде малиот сервис летото 2022 година
, а се сметам себеси за доследен и дисциплиниран во водење евиденции, информации и сл. Па на кратко само, да не испадне дека колата од 2020 до 2024 немала мал сервис
еве што се смени
17.06.2022 година (на 240051 км):- Масло (истото Тотал 9000 5w-40)
- Воздушен филтер
- Филтер за масло
- Филтер за кабина
-
Филтер за гориво (прескокнат за овој сервис)Цена не памтам за ова, веројатно околу 4-5000 ден. Ако најдам фактури, ќе допишам.
Август 2022 - рикна сет кумплуг и замаец. Сменет со нов Valeo сет, со работна рака (плус смеринг и водилка) ме чинеше 28560 ден.
Ноември 2023 - нормално регистрација и осигурување стандардно, се вкупно околу 11000 денари.
Полека стигнуваме до сегашноста, односно до пред 10ина дена
(11.04.2024), кога се направи новиот
мал сервис (247400 km) плус комплетна инспекција визуелно на подвозје, кочници, компјутерска дијагностика, фиксирање на нешто кај интеркулерот, што даваше звук на тропкање метал на метал, итн. со еден збор, како да ја купувам колава - мајсторе провери ми се
Малиот сервис:- Масло (истото Тотал 9000 5w-40)
- Воздушен филтер (Comline)
- Филтер за масло (Ridex)
- Филтер за кабина (Comline carbon)
- Филтер за гориво (SCT Germany)
- Комплет замена на антифриз (G11 + вода во однос 60-40)
Дополнително:- Држач на мотор (веројатно не сменети одамна, овој е еден од трите, другите два не можевме да ги најдиме)
- ПК каиш (бил за менување)
Цел зафат комплет, ме чинеше 8800 ден.
Поради сплет на околности, испадна истиот држач за мотор да биде набавен од две места, па сега имам еден вишок (не ми го враќаа/заменуваа за друго), па ќе пишам во темата за огласи да пробам да го продадам (Febi германски оригинал).
За решавање во иднина (ќе гледам тоа да е годинава):1. Комплет дискови и плочки (некој предлог модели/цени?)
2. Голем сервис (нема многу км откако е сменето ова кога ја купив есента 2018, ама годините си ги има па мора превентивно да се делува)
3. Средување на фамозното капење масло во делот на поклопецот на вентилите, познато за овие мотори. Ми опиша мајсторот отприлика што и како се прави тука, не е нешто скап зафат ама ќе почека засега.
4. Грешка за ЕГР. Барав ако може да се отвори да види состојба, дали може да се исчисти и слично, ама гледам не сакаат многу мајсторите да се занимаваат со ова па најлесниот предлог им е исклучување. Наводно можело само ЕГР да се исклучи, без да се чепка ДПФ. Од друга страна па гледам на аутодок на попуст има нов ЕГР за 60 еур!? Дали е можда подобра варијанта да се смени директно нов...?
5. Некоја грешка поврзана со можен дефектен грејач. Ова засега не прави проблем на палење, веројатно така и ќе биде летово, а ако се решава точка 3, ќе има прилика да се види и ова. Дали е можно да се смени еден грејач само ако треба или мора сите (колку и да се, 3 или 4)?
Колата е извозена од страна на мајсторот, се изгледа во ред засега, од мењач, турбо, итн. убаво си повлекува, снагата си ја има. Палењето и гасењето е помеко/потивко сега, ваљда поради новиот држач и поради фиксирањето на интеркулерот. Да се внимава од време на време да се издувува на отворено поради ДПФ-от и то е то. Да имаме ксмет да потера без проблеми уште година - две можда додека се земи нешто поново, ако дозволат финансиите.