Проблемот со вратата, поточно задната лева не се отвораше на А4, па по некое време почна и совозачката vrata да зафркава и истите проблеми ги решив кај еден електричар во Кисела Вода (Дарко), ми зема 1500 денари од врата. Ова е пред 4 години, така да сега може и цената да е различна. На кој му треба број нека ми пише во ПП. За работата дава и гаранција, ова го знам зошто задната лева врата по некое време пак почна да зафркава, отидов кај него и без проблем (и без пари секако) го реши пак проблемот. Тапацирите ги извади доста лесно и се гледа дека не беше почетник, после тоа немаше никакви крцкања и сл.