Автор Тема: Оригинал или копија(фалсификат)  (Прочитано 9723 пати)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Оригинал или копија(фалсификат)
« Одговори #45 на: 07 Октомври 2018, 21:39:04 pm »
Немој не ме карај те молам :) За Лемфордер стојам позади тоа сто го кажав затоа што сум го видел и сеуште ќе се сомневам во неговиот квалитет. За Мејле знам дека е оригинал и тоа и тоа, само постирав како стига во МК и како се продава во Англија/Германија... Очигледно е дека има жигови и на двете спони, но очигледна е различната крајна обработка... фарбање, маст, движење на чашките...Јас не го спорам тоа дали некој произведува у 200 земји, туку го спорам тоа дека кај нас стига нешто што германецот нема да го одобри поради построги критериуми за квалитет... Ваљда ова ти е јасно ама ај ...

Второ, Местото на купување е битно но, прашањето е дали деловите што стигаат во мк се оригинал/фејк/каков квалитет имаат тие и зошто се со полош квалитет него оние во Германија.

Дур да стигне да купуваме црева за Голф 7, ќе се вози Голф 12 па и тој квалитет у Темишвар ќе се разводни... Кога веќе збориме за квалитет на производство и дистрибуција, зошто некои автомобилски производители имаат сегментирање на возило по земја на испорака? 

Ама океј, јас ти дадов пример за различен изглед на еден потполно ист дел, Чекам од тебе да ми пратиш доказ дека истите тие делови од различна земја имаат ист квалитет. Вака на папир ќе се тепаме до сабајле..

п.с. Рувил, кај мене се растропа за 600км додека на друго возило не мрднале... Купени од исто место, возени на исто возило на ист начин...(коли кои не се возат секојдневно). Криво ми е што ги фрлив споните, инаку ќе ти ги донесев во дуќан да се увериш и сам.



______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html