Секако ќе биде подобро со интеркулер, но рачу ај дека ќе ти се појави повеќе тирбо лаг. Затоа, не претерувај со големината на ИЦ, ако постои 1.4 со иц, од таков извади.
Нема Фиеста 1.4 со интеркулер, така да ќе мора од 1.6. Има Цитроен Ц3 (истиот мотор е со фиестата), ама различен е интеркулерот, а не сакам да го резбарам браникот. Ако не ми се бендиса како оди/функционира сакам да го извадам интеркулерот, а браникот да остани читав.
Те молам за информација што пари те фати и што се ефектите. Благодарам.
Кај тој мотор најголем проблем е 5тата брзина што е прекратка и држи екстремно многу обртаи на 140кмч.
Како што кажав, не сум многу задоволен од придобивките. Во возење не можев да направам разлика од стандард/ремапирана, освен мооожеби во 2ра брзина. Тогаш кога ја ремапирав мерев пред/потоа меѓузабрзувања, разлика од 40-80 во 3та имаше 1-1.5 секуди, исто така и 60-90 во 4та. Разликава е многу мала и тешко е да се осети во возење, ако воопшто има разлика. На 1-1.5 секунда разлика мерено со штоперка од мобилен, можно е и да немам баш точно мерено па да ја нема и таа разлика.
Потрошувачката е иста, не осетив промена. Со клима повторно си е слаба. Цената беше 9000 денари. Прво ми кажаа 390 евра препорачана цена од производителот, ама постар модел е колава за 220 ќе ја средиме, па поради не знам што друго 180 евра и кога ми го направија ремапот сумата која ми ја побараа беше 9000 денари
Што се однесува до брзините, мене и 1ва ми е прекратка. Во 5та на 130км е на 3000 и e прилично бучна ама сепак не е кола за на автопат. Затоа на кривулести патчиња ко картинг е
Ако имаш иста ваква стандард може да ги споредиме, само нека претера коронава. Или сними некое меѓузабрзување и кажи и јас да снимам исто па да ги споредиме