Ризикот е само од оштетување на бандажот затоа што не ја гледаш подлогата кога има снег и лед. И под него може да има камен рецимо на кој во нормални услови би намалил или избегнал. Ама на снег би го удрил. Иако тоа е релативно редок случај.
Обично проблемот е поскапата цена на чинење на пневматикот. И наместо да се оди за најдобрите пневматици на тестови се оди на поефтини верзии. Затоа се одбираат што поефтини димензии на гуми и постандардни. За парите да одат на што е можно подобри перформанси, а не на бош димензија.
Последнава дождлива недела ми стана јасно што се може да се крие под водата (или понатаму снегот) .
За гума се имам одлучено веќе, ќе биде Мишелин а5, ама 16ки бандажи никако да најдам. Од кинеските бандажи тргнав очи.
Разликата у цена помеѓу 16ки и 17ки Мишелин а5 е 45еур по гума, вкупно 180еур.
Челик бандажи 16ки нови, каде да најдам освен во порше? Таму имаат интересни цени...