Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
http://star.press24.mk/story/makedonija/kakva-zimska-oprema-mora-da-poseduvate-vo-voziloto
Not a valid youtube URL
1. Задолжителна опремаЧлен 2Задолжителна опрема на возилото во сообраќајот на патиштата, во смисла на овој правилник е:1) резервно тркало;2) противпожарен апарат за гасење пожар;3) знак за означување запрено возило на коловоз – сигурносен триаголник;4) опрема за укажување прва помош (кутија за прва помош);5) клинести подлошки;6) чекан за кршење на стакло;7) резервни сијалици и осигурачи; јаже, сајла или телескопски лост за влек;9) зимска опрема;10) сигурносен-рефлектирачки елек;11) сигурносни појаси и наслони за глава;12) друга опрема;- табла за означување на „спори возила“;- табли за означување на „тешки возила“;- табли за означување „долги возила“ и- опрема на возила и возачи за превоз на опасни материи.
1.9 Зимска опремаЧлен 11(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. (3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и- прирачен алат – лопата. (4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.
ПРАВИЛНИК ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА НА ВОЗИЛОТО, ВЕЛОСИПЕДОТ И ЗАПРЕЖНОТО ВОЗИЛО ЗА БЕЗБЕДНО УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА, КАКО И НА ТРАКТОРИ ЗА БЕЗБЕДНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ, ОДНОСНО ШУМСКИ РАБОТИЗа тоа што не ви е јасно (рецимо, гарант некој ќе се фати за задолжително носење на ПП апарат), идете на линкот, си има објаснување.