И не само тоа...Јас имам и сум возел и летни гуми...На пример Тигар 635 е димензија на гума која се произведуваше до пред некое време, година две три...Се додека Тигар не влезе под закрила на Мишелин. Таа гума има страшно добри перформанси...Кој не верува бујрум со мене накај плетвар, он некако највише ми лежи...гумата е малку тврда но има страшно добар одзив.
Друга гума која е цена квалитет од програмата на Тигар е Сигурата...Малку е полизгава на мокро, и за градски услови на вожња верувај дека е солидна. За држење на суво, по кривини, итн итн пак ке речам...Хитрисот е класа погоре. Неа не сум ја возел, немам искуство со неа.
Винтер1 се екстра гуми. Меки, удобни, на снег се однесуваат одлично. На службената кола имам Јокохама, и да ти кажам со неа не можев лани да излезам од паркинг и морав да се помачам!!! СО Тирарот снегот го прегазив како со ратрак. Тоа е мојот впечаток. За останатите незнам.