Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Како највечи сељак, цело лето го извозев со зимски гуми. Демек немаше многу да има возење ради пандемија ово-оно, но на крај направив 2-3000 км сигурно.Се надевам дека не ги „решив“ зимските гуми. Вака на око не изгледаат дека се уништени.
Tigar Winter или Sava Eskimo HP2 vo dimenzija 205 55 16? Или сепак некоја друга марка? Тигарот и Савата се тука некаде со цена 3000-3300 денари по гума. Може да препорачате и некоја друга марка што е до таа цена. За Савата читав и овде и на други места дека на снег е добра, но на суво е лоша. Некој поконкретно искуство за ова? Оти реално на снег (поточно на раскашаен снег) возам 2-3 дена во годината, дали и толку.
Цел живот возам ескимо S3, подобра зимска гума не сум возел