Ме потсети кога пред неколку години со зимските гуми на вториот сет бандажи (без сензори за притисок) нагазив на нешто што стропа, на ретровизорот видов предмет како лајсна како слетува на асфалтот.
По отприлика 2 недели од тој настан тргнав кон Паланка, непосредно пред патарината Миладиновци претекнував шлепер и почувствував тетеравење, ми падна чудно но го припишав на појачана од некои причини турбуленција.
Не сосема убеден во турбуленцијата продолжив да возам малку поспоро, секако наближуваше патарината.
Пред патарината го отворив малку порано прозорот и ми дојде звук како кога се вози по бекатон.
Платив патарина и застанав малку понатаму, излегувам од кола, тркалото на бандаж.
Ставив резервна до Куманово и на првиот вулканизер се виде оштетување во вид на засеци, тогаш ми стана јасно дека е од предметот што го нагазив.
Гумата беше загреана но не исчурена, ѕидовите малку исчорљани, ваљда клапнала на бандаж на самата патарина, така да ја залепија и продолжив.
Изгледа дека оштетувањето било таман толку длабоко за да попушти во вожња по автопат, или пак останале делови од лајсната во гумата кои излетале од поголемата брзина, пошто 2 недели низ Скопје се си беше ок.
Среќа издишувала полека без да експлодира.