Дали ако наместо асфалт ставиме чист мраз (0), држењето ќе биде 50% од она на асфалт? (50+0=50)
Апсолутно точна констатација!

Во овој случај гумата ке биде 50% ефективна, односно сигурноста ке биде половична!
Максимум што може да се извади од идеални услови, односно идеално добра гума и идеално лоша подлога.
)
Ме разбираш?
Апсолутно те разбирам и си во право за констатацијата. Ме радува што позитивно размислуваш, ет лист...

Момци...Едно заборавате...
1. Тестовите на каков асфалт се прават
2. 50 % од перформансите оди на подлогата, односно асвалтот и 50% оди на гумата...
Часто е завршен, здраво!
Професоре, а битно ли е густината и влажноста на снегот за тестовиве?
За да не комплицираме, го зимаме најпростиот случај...Зимска гума, на многу поразличен асфалт од нашиот. Без дожд, без снег, само асвалт, суво време и 0 степени целзиусови.
За разлика од нашиот, балканскиот, да не речам скопскиот асфалт, овде асфалтот има многу поразлична гранулација, состав и начин на изработка...Како да го сликам, незнам...
Поентата ми е дека ако една гума е добра пример на асвалт таканаречен германски, немора да значи дека ке има исто толку добри перформанси и на друг асфалт, еве нека биде нашиот, македонскиот, на некој улици кој е како стакло...На времето таков беше на илинденска пред влада, ако се сеќаваш...Дневно имаше по 3 собраќајки минимум...Тоа ми е поентата...
Битен е асфалтот, ама не го „амнестира“ лошиот резултат на одредени гуми. Сигурен си дека тие гуми со лош резултат на конкретниот асфалт ќе извадат генерално подобар ранг на друг тип на асфалт? Јас не би рекол.
Не зборувам за лошите гуми, него за оние кои се некоја си средна класа, а уствари на полошиот асфалт ке извадат исти резултати како и оние кои ваму се рангирани како ниска класа...
Тогаш што имаме во игра?
Ја се извињавам што вака после часови се убацуем.
За во секција е битно да си после часови...Не е убаво да се бега од нив

А и секогаш е добро да има луѓе кои имаат по некое прашање, недоумица и недоразбирање за да им се дообјасни нешто

Инаку ке нема квалитетна дискусија :*