Ја продадовме Шкодата со надеж да штедиме и да имаме кешче за опремување на станот, па здравје наредна година да се подновиме со некоја нова директ од салон. Еве веќе 2 месеци како сме без кола со девојката и веќе се чувствуваме како осакатени и малку се каеме со одлуката. Згора на тоа, ако ги гњавиме другарите да не селат, нема да ни биде баш пријатно, а без кола, селидба иде тешко. Па се решивме да земеме некој полукрш да не додржи. Критериумите ни се следни:
- да биде хеч, караван или сув, за да ни биде полесно да транспортираме ствари
- да биде регистрирана барем до април/мај
- да може да се вози 1 година само со дотурање на гориво и евентуално уље/филтри
- да биде релативно популарна, за да ја продадеме лесно наредна есен/зима
- да не смрди
- небитна година на производство
- дизел > плин(а-тест) > бензин
- да не чини повеќе од 2000, мада таргетот ни е ~1200
Нешто да препорачате? Не мора конкретна кола, туку кои модели да ги ѕирнеме. Фала однапред.