Оптика е конекција помеѓу твојот интернет рутер дома и провајдерот на интернет. Може да е кабелски (Телекабел, Кабелтел), може да е бежичен (Оннет), може да е преку телефонскиот кабел (ADSL, Dial up). А може да биде и оптички чија конекција е многу постабилна и побрза ама затоа пак еве ги сечат и раскопуваат улици низ цело скопје за да тегнат оптички кабел. Оптичкиот кабел е направен од влакна кои спроведуваат светлина и за разлика од бакарниот кабел кој пренесува електрични импулси овој спроведува светлосни импулси. Импулс=податок.