Автор Тема: Проблем  (Прочитано 2743 пати)

Отсутен tapout97

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Проблем
« на: 07 Јули 2018, 20:07:05 pm »
Здраво пред се, имам проблем со колата Opel Agila 1.2 бензин 2004 година, кога колата работи во "лер" нешто како да чука внатре во моторот не работи тивко моторот во споредба со другата кола што ја имам Seat Cordoba 1.4 исто бензин. Имам менувано подизачи на моторот меѓутоа пак се слуша тропање на моторот исто така имам приметено кога давам гас да речеме од прилика на 2500-3000 обртаи како да се губи тоа тропање во моторот, исто така еднаш ја имав малце малтретирано колата на 5-6000 обртаи и кога ја оставив колата да работи во лер никакво тропање немаше моторот спиеше едноставно па сакам да прашам што може да има проблем моторот.
Исто така имам и друг проблем климата не ми работи баш како што треба не лади добро, фреонот ми е полнет но климата слабо лади во споредба со другата кола што ја имам, па незнам што може да има проблем.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Проблем
« Одговори #1 на: 07 Јули 2018, 20:16:05 pm »
Кај мене така на поло 1.4 чукаше, ете уште го возат кај што го продадов, може таква му е работата. Ако е на ланче тоа да не чука?

Отсутен tapout97

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Проблем
« Одговори #2 на: 07 Јули 2018, 20:20:30 pm »
Кај мене така на поло 1.4 чукаше, ете уште го возат кај што го продадов, може таква му е работата. Ако е на ланче тоа да не чука?

Марјан да, на ланче е меѓутоа како што потенцирав кога еднаш ја имав малце "малтретирано" 5-6000 обртаи и кога ја оставив после во "лер" ништо не чукање не се слушаше дека моторот работи што се вика па тука ме буни дали е ланчето или нешто друго.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Проблем
« Одговори #3 на: 07 Јули 2018, 20:22:02 pm »
Колега на астра Н 1.4 2005/6 смени ланче му чукаше малку. Не му излезе евтино, околу 300еур, ја никад не би го сменил.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Проблем
« Одговори #4 на: 07 Јули 2018, 20:27:24 pm »
И ланче се мења... не е безсмртно и тоа, него тие клипчињата да не не се во ред?
Не знам може некад со оил флуш да се среди, ама нема некоја гаранција дека ќе се среди со тоа.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Проблем
« Одговори #5 на: 07 Јули 2018, 20:30:52 pm »
Не е безсмртно ама новото што ќе го стави не знае што квалитет ќе биде. Да се скине не може така лесно и едноставно, а цената на користен мотор е тука некаде со промената на ланчето. Пак ќе речам, не се кине така лесно. Страда од лошо уље и ладен старт.

Отсутен tapout97

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Проблем
« Одговори #6 на: 07 Јули 2018, 20:33:04 pm »
Исто така не потенцирав, кога ги менував подизачите моторот имаше "доста" гареж.
Ме иритира тоа што тропа, ако ништо друго ќе ја однесам на мајстор па ќе видам што ќе каже.

Отсутен tapout97

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Проблем
« Одговори #7 на: 07 Јули 2018, 20:38:19 pm »
Како што гледав видеа на youtube вака треба да работи моторот тивко. https://www.youtube.com/watch?v=wJ4tlRRCHMU

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Проблем
« Одговори #8 на: 07 Јули 2018, 20:43:53 pm »
Ова не е баш тивко ко за бензинец

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Проблем
« Одговори #9 на: 07 Јули 2018, 21:59:51 pm »
Исто така не потенцирав, кога ги менував подизачите моторот имаше "доста" гареж.
Ме иритира тоа што тропа, ако ништо друго ќе ја однесам на мајстор па ќе видам што ќе каже.
Што уље користиш?

Отсутен tapout97

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Проблем
« Одговори #10 на: 07 Јули 2018, 22:28:50 pm »
Исто така не потенцирав, кога ги менував подизачите моторот имаше "доста" гареж.
Ме иритира тоа што тропа, ако ништо друго ќе ја однесам на мајстор па ќе видам што ќе каже.
Што уље користиш?
10-40

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Проблем
« Одговори #11 на: 07 Јули 2018, 22:58:36 pm »
Исто така не потенцирав, кога ги менував подизачите моторот имаше "доста" гареж.
Ме иритира тоа што тропа, ако ништо друго ќе ја однесам на мајстор па ќе видам што ќе каже.
Што уље користиш?
10-40
Кое мислев ?

Отсутен tapout97

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Проблем
« Одговори #12 на: 07 Јули 2018, 23:43:17 pm »
Исто така не потенцирав, кога ги менував подизачите моторот имаше "доста" гареж.
Ме иритира тоа што тропа, ако ништо друго ќе ја однесам на мајстор па ќе видам што ќе каже.
Што уље користиш?
10-40
Кое мислев ?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Проблем
« Одговори #13 на: 08 Јули 2018, 00:00:54 am »
Така и мислев... мислам дека го најдовме проблемот, ако грешам нека ме исправи некој.

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Проблем
« Одговори #14 на: 08 Јули 2018, 13:36:33 pm »
Смени го маслово под итно.

Не знам што е работава со опеливе, нека ме упати некој ако треба, ама како што гледам не е ова масло нешто посебно по спецификациите па да биде строго за опел препорачано. Може да смени со многу други. Еве рецимо стави елф 700, тотал 7000 и сл.