Мене во Радовиш ми е најчист воздухот некако. А знам луѓе цел живот шо работат во Бучим.
За новиве рудници стварно незнам шо и како. Ко шо пиша Дени ако има некој да објасни арно иначе вака сме на рекла казала.
Реал о гледано според мене Радовиш а и Валандово како град би умрел за 30тина години. Струмица ќе поживее,
Многу тешко да одлучиш што е полошо.
Кога ќе ги слушнам откупните цени на земјоделските производи, и кога ќе ги видам цените на тезги, прекупците убаво се офајдуваат, а земјоделците демотивирани, и бараат живеачка од други извори.
Од друга страна, кога ќе погледнам накај Водно колку е изроварено само од пробивање на пат, можам да замислам што ќе се случи од ископ на руда и колкава штета ќе се предизвика на природна средина.