Ке одговорам од лично искуство поради тоа што го поседувам возилото лично.
ГО имам веке 4 години, си го донесов сам од швајцарија.
Ме чинеше многу поскапо од Бугарија, Италија или Германија но за тој што знае како пристигнуваат нови и како се чуваат во Швајцарија возилата и какви правила важат за техничката исправност ке му биде јасно.
Јас ја земав намерно со Дизел мотор и тоа со 2.0 136 без ДПФ.
Претходно следев форуми една година, а имав и мазда 3-ка бензин и сепак се одлучив за овој мотор.
Един поголем трошок ми беше замаецот, како и кај секој дизел кога ке помине над 180 000км потрошен дел.
Друг дефект сум немал, да чукнам во дрво, го менувам улјето на 8000 км, си ги сменив шајбните на дизните и ја чистам ситката во картерот за улје на секое второ менување на масло.
Возилото е многу удобно за подолги патувања, ги крие километрите а има одлично и прецизно управување.
Мојата е со највисоко ниво на опрема ( Вебасто со тајмер, навигација, Босе со буфер со 9 звучници, кожа, греачи, темпомат, итн..)
За цената која треба да ја вложиш ке добиеш најмногу кола.
Грешка е типичното сваќање кај нас дека немало делови или скапо било.
Плочки, дискови, рамена имаш секаде по поволни цени, а ако ти е скапо можам да ти пратам од каде јас ги купувам сите делови за моите возило пошто имам само јапонски возила во фамилијата ( Солун и Софиа) на пола цени од Солид или Еуро07.
Исто така да напоменам , возилото е многу економично 5,4 литра до 120 км/ч на автопат, или 6,8 литра мешано возење со град и автопат.
Не би ти препорачал Бензин 1.8 или 2.3 поради тоа што имаат проблеми со потрошувачка на улје и тоа многу, па после хорор приказни, а и многу послаби се на на снага.
Грубо тоа е , кој што го интересира нека праша слободно, ке одговорам непристрастно