Здраво дечки,
Нов сум на форумот и го следам секој ден, конечно најдов време да ставам нешто од колата. Нарачана беше уште крај на Декември 2017, датум на изработка беше 18ти Март, го земав на 10ти Април. Помина скоро месец, од тоа што го приметувам има комфор, одлична супспензија, супер амортизација( мека е на дупки ), задоволен сум и од опремата се на се, So far so good
Еве некоја фотка
Ниво на опременост: Xcellence
Работна зафатнина на моторот: 1968ccm
Моќност: 110kW-150KS
Менувач: мануелен 6 брзини
Погон: 4Drive
Боја: Rodium Grey , металик
Колата е поседува стандардната опрема на Xcellence моделите од моменталниот ценовник за 2018 ( може да се види
тука ).
А дел од неа е
- SEAT Full Led
- Адаптивен Темпомат
- Media System 8
- Алкантара седишта
- SEAT Drive Profile
- Камера назад
- Сензори напред назад и од страни
- Асистент за паркирање
- Двозонски климатроник
И ред др, со плус доплата за SEAT Full Link кое многу ми користи за поврзување со телефон преку Android Auto за навигација со офлајн Google Maps и Waze
Потрошувачката оди 5 до 5.7 на отворено со пристојно возење, во просек 7.5 низ град. Гумите на неа беа Bridgestone Turanza, ми останува да купам зимски гуми и имам некој планови за други бандажи (можеби 19ки?) само понатака здравје.
Осигурана е каско во Винер
Тоа е тоа сега за сега, ќе прикачам повеќе слики со тек на време.