Автор Тема: измама од мајстор  (Прочитано 10284 пати)

Отсутен mkkokos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
измама од мајстор
« на: 30 Април 2018, 00:17:27 am »
здрво сакам да прашам нешто и потребна ми е помош (ако не е соодветно местово нека ја преместат од администрацијата или нека оди во канта ) дали има елементи на кривично дело и можност да се тера правно со тужби, пријава во полиција или некако поинаку да се постапи во мојов случај се работи за следново:
пред осум месеци имав сообраќајка во која јас бев виновен и предизвикав штета само на моето возило немаше друг учесник па и немаше можност да се активира осигурување туку требаше сам да си платам за грешката и штетата, но тука почнува мојата голгота.

ми се понуди мајстор да ми ја поправи колата за која штета на име делови му исплатив 350 евра нарака и без сведоци, по одредено време побара уште 160 евра за да почне да ја прави на име капар за рака со усмен договор дека ќе треба да му доплатам уште 250 откако возилото ќе помине технички преглед дека е направено како што треба.

првичниот договор беше дека возилото ќе биде готово до почетокот на октомври па ај до ноември но еве мине и април а возилото е само растурено и не се работи на истото, интевенирано е безброј пати со посета на сервисот и пробано е со молба и со кавга резултати нема цело време ме манипулира за 3-5 дена се почнува и брзо ќе биде но никако да се заврши.

ако може совет како понатаму да постапам.

п.с сите разговори се снимени на телефон и пред да му исплаќам парите ги вадам од картичка значи прво он бара на телефон пари јас одам на банкомат и ја повлекувам бараната сума и му ја давам на рка и без приемница дали ова може да помогне во случајот бидејќи што ако рече нит сум барал нит сум зел пари?

секој совет е добредојден, однапред Благодарен

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34154
  • Таков е животот... јебига
Одг: измама од мајстор
« Одговори #1 на: 30 Април 2018, 00:26:48 am »
За кој сервис се работи? Дали е физичко или правно лице?
Дали постои записник од полиција? Дали знаеш што е приемница?
На кој начин е интервенирано безброј пати во сервисот? 10 пати или ниеднаш?
Кое е оправдувањето зошто не се почнува со работа? Дали постои калкулација како се доаѓа до сумите од 350 евра, 160 евра и 250 евра?

Ако не, дали тренирате кога правите вакви работи или природно ви легнуваат?

Отсутен mkkokos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: измама од мајстор
« Одговори #2 на: 30 Април 2018, 00:43:55 am »
како што е и погоре објаснето се е на доверба, постапено е доста лековерно и бидејќи грешките веќе се направени се бара некое решение било какво, интервенирано е со посета на сервисот повеќе од 10 пати, се работи за сервис кој постои подолго од 20 год. но во последно време имаат по кажување на луѓе доста проблеми ги влечат муштериите со месеци ама за ова разбрав многу доцна , ти од оваа гледна точка си во право но тогаш јас си мислев дака на мајстор многу му е побитен образот од парите (бидејќи се работи за помало место од внатрешноста) но згрешив, сега треба некако да барам решение за ситуацијава која стаса до кај што не сум ни претпоставувал дека може да дојде.
записник не ми направија од полиција од сообраќајката ако мислиш на тоа.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34154
  • Таков е животот... јебига
Одг: измама од мајстор
« Одговори #3 на: 30 Април 2018, 00:55:47 am »
Пази сега:

Немаш договор за дело. Немаш понуда од негова страна на писмено. Немаш записник од полиција што се случило, кој бил виновен, каква и колкава е штетата.
Немаш никаков документ дека си дал пари, ниту по кој основ си ги дал парите. На крај краева може да те тужи за било каков муабет, па и дека тој ти ја складира колата и дека треба да му платиш лежарина. Значи немаш ништо. Си му ја дал на поклон колата, па си го частел неколку стотини евра, онака зошто ти биле вишок...

Ти немаш никаков основ да бараш помош од ниту една институција. Ако побараш, само уште поише ќе те дупат и мотаат и цедат пари. А тебе не ти одговара да ја шириш информацијата пошто ќе те убие срам каква глупост си направил, како си наседнал, а тој има предмет со лага да ти оди контра па да го извлечеш најдебелиот крај.

Једино нешто што ми паѓа на памет е да се договориш приватно, тоест да корумпираш полиција / пазарна инспекција, или па со комунална инспекција да му најдат некоја од веројатно многуте неправилности па така да го натераш да те обештети, ама од тоа обештетување пола ќе треба да дадеш ан тој што ти помага.

Спој се со некој полицаец, нека го посети, нека постави неколку прашања. Нек држи тефтер во рака ко демек запишува, ко демек спрема нешто. И надевај се дека мајсторот нема да примети. Е сеа ќе те кошта, јебига, ама грешките се плаќаат.

Отсутен mkkokos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: измама од мајстор
« Одговори #4 на: 30 Април 2018, 01:12:42 am »
ти благодарам за искреноста и советите, грешката е направена цената е висока но како што рече секоја грешка се плаќа, ова ќе биде поука за мене и едно школо за сите што ќе прочитаат тука да се распрашаат прво со кој ќе си фатат работа па после да плаќаат, ако има некој друго мислење нека повели

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: измама од мајстор
« Одговори #5 на: 30 Април 2018, 01:23:05 am »
Фрли му молотов коктел во сервисот.

Отсутен mkkokos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: измама од мајстор
« Одговори #6 на: 30 Април 2018, 01:35:23 am »
абе океј ти е предлогов  и може да си го заслужува но само во бетер беља ќе си влезам ако мавам, палам, кршам уште и оштета дополнително ќе треба да платам

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34154
  • Таков е животот... јебига
Одг: измама од мајстор
« Одговори #7 на: 30 Април 2018, 01:40:29 am »
Поука, нека се приклучи @Banzai

1. Се случила сообраќајка, обавезно фотографии на твоето возило, на објектот во кој е удрено, од поголема оддалеченост како изгледа сцената. Обавезно повикување на полиција и правење на записник. Да, се плаќа, ама имаш доказ од местото на настанот. Во спротивно, некој ќе ти рече абе ти си си ја расклопил колата. Си ја удрил мојата кола, мојата куќа, си ми ја утепал кравата и што и да е, а ти немаш одбрана од тоа, не можеш да докажеш дека не си ти.

2. Кога за нешто прашуваш и добиваш цена, обавезно бараш спецификација што опфаќа цената. Колку % е материјал, колку% е услуга. Материјалот се попишува со поединечно цени за секоја ставка. Услугата се попишува точно за што се плаќа, крпење, китирање, фарбање, склапање и така натаму. Доколку мајсторот не сака да ги сподели деталите тогаш цената се објаснува описно: „ќе се поправи предница до фарбање, сосе фарбање, склопена или несклопена и слично.

3. Кога даваш пари, обавезно бараш документ Каса-прими. Приемница е нешто сосем трето. На Каса-прими, мора обавезно да има печат од фирмата. Ако нема печат, значи не работиш со фирма. Ако нема потпис значи фалсификуваш и злоупотребуваш печат. На касата-прими обавезно датум и износ на уплатените пари и наведување колкав е делот од некоја вкупна сума ако се плаќа повеќе пати, на пример примено 200 евра од договорени 600 евра.

Ако било која од овие работи сервисерот ја одбие, се вртиш и си одиш. Каков образ, какви бакрачи. Не постои образ денес. Луѓе, времињата се сменети. Нема повеќе глумење и очекување коректност. Само јасно и недвосмислено договарање, све на хартија. На тој начин не може да ти каже: еј не беше така или вака, не се договоривме за олку пари се договоривме за волку, не ми даде толку ми даде волку, не сум ја фирма немам одговорност. Ти си фер ќе си платиш колку ти побарал, тој има обврска да заврши работа како што сте се договориле. Само така со факти на хартија после можеш да отидеш во полиција или пазарна инспекција и да речеш вака и вака извршена е измама.

Отсутен mkkokos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: измама од мајстор
« Одговори #8 на: 30 Април 2018, 01:54:47 am »
точка еден е во целост исполнета има слики кои ги пратив во амсм и ги имам на тел. полиција исто така дојде на лице место но ми излегоа во пресрет да немам дополнителни трошоци и не повикаа вештаци и не составија записник, за точка два и три  ја заебав работата, и по се изгледа наивноста и лековерноста скапо ќе ја платам по се изгледа заслужено.

дополнително од снимениве разговори на тел. на кој јасно потврдува дека земал пари и се обврзува за рок немам никава ли корист?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4284
Одг: измама од мајстор
« Одговори #9 на: 30 Април 2018, 06:59:37 am »
Интересен случај,би сакал да прочитам мислење од правник како да си го реши проблемот клаберот.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3280
Одг: измама од мајстор
« Одговори #10 на: 30 Април 2018, 07:35:45 am »
Јас мислам дека нема никаква правна основа за да го бркаш мајсторот по судови. Не сум правник, но од тоа што го прочитав, типот добро те обработил, ја искористил твојата наивност и искреност.

Немаш писмен договор, приемница, сведоци.

Само аудио запис.

Јас да сум на твое место, би го фукнал аудио записот на youtube со слики од сервисот и мајсторот, и би го пратил линкот по сите портали.

Онака, анонимно.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: измама од мајстор
« Одговори #11 на: 30 Април 2018, 07:59:00 am »
Законски е забрането да снимаш разговори и лица доколку претходно истите не се благовремено известени. За тоа можеш и кривично да го јадеш. Дечково кај се има испосрано, со тоа ке се доусере уште толку.
Единствена работа му е да оди и да се моли со мајсторот за да му ја среди колата, да си ја земе и да фати штикла, па после тоа да кажува и раскажува за сучката. Се до тогаш е само поре кажаното.

Поука, нека се приклучи @Banzai

1. Се случила сообраќајка, обавезно фотографии на твоето возило, на објектот во кој е удрено, од поголема оддалеченост како изгледа сцената. Обавезно повикување на полиција и правење на записник. Да, се плаќа, ама имаш доказ од местото на настанот. Во спротивно, некој ќе ти рече абе ти си си ја расклопил колата. Си ја удрил мојата кола, мојата куќа, си ми ја утепал кравата и што и да е, а ти немаш одбрана од тоа, не можеш да докажеш дека не си ти.

Мич, неможе баш тоа така. Можам и јас да речам дека ти си ми скршил прозор. Имаш доказ? Твојот против мојот?
Немам јас слики ама нема ни он за да ме обвини, не е баш така како што кажуваш.
Иначе за се друго е Ок. Треба да се има увид во се...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34154
  • Таков е животот... јебига
Одг: измама од мајстор
« Одговори #12 на: 30 Април 2018, 09:07:44 am »
Знам ама како и да е поентата ми беше дека треба да се има документ за случката во секој случај.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: измама од мајстор
« Одговори #13 на: 30 Април 2018, 09:09:25 am »
Ама си го брани мајсторот, упорно не го кажува сервисот :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14165
Одг: измама од мајстор
« Одговори #14 на: 30 Април 2018, 09:28:38 am »
Мислам дека правно може да се гони.

Ако е толку ненормален и не сака да ја заврши работата, може кривично да се гони мајсторот за направена штета на возило. Ќе дојде некој сведок и ќе каже дека „мајсторот“ го оштетил возилото и ќе бараат фул оштета за возилото.

Башка „мајсторот“ треба да пријави дејност дека работи со поправка на возила, треба да покаже документ применица дека го примил возилото на клиентот, што треба да се сработи итн.

За се има лек, верувајте. Само да не дојди до то да се бара правно решение и влечење по судови.