Автор Тема: Бандаши,крила, фарови, штопови,релеји,бомбини,мотори,плочки,дискови....  (Прочитано 141827 пати)

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Задна десна шепа за Ауди А3 1.8Т 1998ма година ?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Бандажи алуминиумски  5x100 14/15/16 за поло 2010 година?

Отсутен vlatko05

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
  • k24a3
Пластика за под браник за Астра Г 2000г, десната(совозачката) половина?

Ова:
https://imgur.com/a/C3xcg

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Здраво @autoking , да не се наоѓа за Мерцедес А класа, модел W169 (втора генерација) пластичен држач за полицата во гепек, како на сликите?



За истиот модел, потпирач за рака на лева врата, каде што се командите за ретровизорите и прозорите?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Ракета за кедду 2000 година?

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Би сакал на сите посетители на оваа тема во Огласникот да им свртам внимание и да споделам лошо искуство со Ауто Кинг Виница.

Во кратки црти, за проектот со двојката нарачав врата од багажник и лева врата за шасија со 2/3 врати. Бидејќи постојат два типа на врати (пред 88 модел и по 88 модел) експлицитно нагласив и прашав неколку пати дали се наоѓа на залиха истата, со цел да се осигураме дека збориме за истиот модел на врата на Вибер до Ауто Кинг беа пратени слики од вратата која е потребна. Откако добив цена (140 евра за вратата и 100 евра за багажникот) договоривме се да биде пратено по карго.

Кога пратката стигна, вратата беше пратена погрешна од стар тип. Се слушнав телефонски со Ауто Кинг каде се договоривме да ја платам цела пратка (така налагаше каргото) за да можам да го подигнам багажникот барем и да не стои работата, а вратата да ја пратам назад со замена и ќе ми биде пратена таа што треба. Е сега, се ќе беше добро доколку не пројдеше една недела без трага и глас за друга врата.

Откако почнав секојдневно да "досадувам" телефонски за вратата прво ми беше кажано да ја најдат у магацин за да ја сликаат да потврдам дали е таа (ништо од тоа). Па ми кажаа дека вратата ја пишува од Џета на што прашав јас дали е од Џета со две врати и добив потврден одговор. Бидејќи вратите од Џета и Голф се исти возвратив потврдно вратата да биде пратена по карго. Чекав 3-4 дена да стаса и пак ништо не се случи иако рекоа дека ќе ја пратат.

На следниот телефонски повик ова морам да го цитирам:

Јас: Другар што бидна со вратата, се зезаш со мене испуштив терминот за у комора?
Ауто Кинг: Другар абе ја проверив вратата не е десна, лева е.
Јас: Па левата ја барам де.
Ауто Кинг: Не е лева, десна е.
Јас: Другар ти си тераш мајтап со мене.
Ауто Кинг: Абе другар немам ја вратата ај шо да правам, да ти пратам половна?
Јас: Платив за нова, со парите што правиме? Здрави ли ти се половните врати?
Ауто Кинг: Ќе ти вратам дел од парите не е проблем. Вратите се здрави.

Од тој разговор комуникацијата продолжи на Вибер каде добив слики од половните врати и двете беа удрени, не вредеа по што си побарав рефундирање на дел од парите. Бидејќи нема што да кријам цените јавно ги кажав вратата беше 140 евра и багажникот 100 евра јас назад треба да добијам 140 евра, но дотичните ми рекоа дека ќе пратат 120 евра и тоа е доволно.

Парите еве уште ги немам добиено (да не грешам душа може се пратени од каргото се немаат јавено), чекам 3 недели, колата до сега требаше да биде офарбана но не е. Без никакво ценкање си платив сумата која ја бараа и очекував да биде испорачана и робата како што треба и односот со муштериите да биде коректен.

Кој не го мрзеше да прочита до овде ви благодарам што ме истрпевте и размислете двапати дали сакате да правите бизнис со некоректен човек.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Епа катанец на темава, да не си игра и друг член расипан телефон и да губи пари!

Многу битен детал е да те зафркнат и по секоја цена да ти ги земат парите, па после моли се да ти заменат дел или недај госпо да ти ги вратат парите.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Обично, да пресудиш, убаво е да ги слушнеш двете страни.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
@зоки-златен, чичо така е, не велам не, мојот дел од приказната можам да го поткрепам и со докази не е проблем. Зборев со класниот да се консултирам на темава, не би сакал јавно да објавувам приватни разговори. Ак не ми вервиш бујрум ус кафе муабет ќе прајме муабет B)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Златен во право си, ама пре би му верувал на член кој споделува се можно со сите коли што ги поседува и ми делува на коректен лик. Продавачов го користи форумов единствено како огласник и ништо друго. Не верувам дека дава некој попуст или пониски цени на членови. А гти16 ми делува на баички закрпен, да не правиме муабет за нервите искинати за чекање и откажување на термини за средување на колата.

Така беше и со анџело, не смееше да се спомни за друга марка на акумулатор, искупија сите ексајд и по 2-3 години (а просекот се спомуваше како 7 години  :) или сл) почнаа да откажуваат, а анџело го снема.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43699
  • Il Moderatore
Јас се надевам дека со вакви постови за негативни искуства ќе се намали бројот на истите и дека продавачите ќе се трудат да бидат што е можно пофер спрема купувачите. @GTI16V  се надевам брзо ќе го средиш голфчето и дека ауто кинг ќе поработат на фер решавање на проблемот ако сакаат да стекнат добра репутација.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Може да сум еден од 100 што ќе бидат незадоволни од него. Скраја да е дека после мојов пост никој дека нема да купува од него, се надевам ќе има задоволни муштерии и ќе работи подобро.

Моментот кој ја прели чашата кај мене што 3 недели лажеа, и немаше да имам никаков проблем ако од сам старт ми речеше другар ја немам вратата извини. А капаче на се беше што сега откако треба да бидам рефундиран вратата е 120 евра а сум ја платил 140. Нека му се алал, не сум побогат за 20 евра ама он е многу посиромашен како човек.