TouranO доби втор редовен сервис од кога е кај мене, на 259.500км променети масло Elf Evolution Full-Tech LLX 5w-30, Filtron: филтер за воздух, филтер масло, филтер полен, филтер нафта.
Во вторник го носам за промена на десен зглоб, се утврди луфта по направена проверка.
Сервисот чинеше 5900ден.

Променет зглоб преден десен и откриен друг проблем и решен, губеше антифриз некаде, прво мислевме дихтунг на глава, ама од куќиштето за вода подлизнувало и го фрлало на блокот, сменето и тоа, сега раат до нареден редовен.

Кога ја купив на 28.03.18 беше 248600км, моментално е на 262.600км, за овие 14к км можам да кажам дека сум задоволен од причина што е премногу практично возило, ако гледаме потрошувачка светиот ТДИ и не е баш економичен, варира од 6-7л/100км, зависно од стил на возење. Не ми се допаѓа само како е димензионирана 6та брзина, премногу е кратка, на 100км/ч веќе е на 2000врт/мин, на 140км/ч е на 3000 врт/мин, се води кон тоа дека наредно возило ќе биде Турбо БеЈзин.
ЕДИТ: Купен и зимски сетап, челични 15ки, Тигар Винтера 195/65/15, фелните земени за 4000ден., а гумите излегоа 9600ден. во Пнеуматик со попуст.