Автор Тема: Peugeot 206 sw  (Прочитано 1751 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Peugeot 206 sw
« на: 04 Април 2018, 13:05:27 pm »
Три години поминаа откако ја возам 206-ката, досега никаков проблем и сум доста задоволен, но бидејќи ми се прошири фамилијата за уште еден член и сега со две деца ми се јави проблем со багажен простор. Бидејќи сум задоволен од 206-ката сакам пак да земам ама во караван изведба. Проблемот е што се доста ретки, тие што ги има на пазаров моментално се најчесто со озлогласениот 1.6 hdi мотор. Би зел и со 1.6 hdi, но некако не ми се става трн во здрава нога, добри страни на тој мотор се потрошувачката и солидни перформанси, но од друга страна читам доста искуства со цркнати турбини и по неколку пати. Луѓе што ги купуваат половни отвараат картер го чистат, чистат ситцето кај што оди маслото, отвараат цевката за довод на масло во турбото го вадат филтерот и ја чистат цевката, отвараат капачка на вентили таму чистат од гареж и ги отвараат сите дизни, чистат таму од гареж менуваат дихтунзи и после прават промена на масло на 50-тина километри еднаш до два пати. Тоа бил рецептот за горе-долу да немаш проблеми со овој мотор. Годишно не поминувам повеќе од 8000 километри така да предност давам на бензинец. Ако ви излезе некој да нуди добар бензинец од 2006 година нагоре, понудете. Што мислите за 1.4 hdi, 206-ката е мала лесна кола, дали ќе биде премногу трома со тој мотор или добар е за таа каросерија?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Peugeot 206 sw
« Одговори #1 на: 04 Април 2018, 13:26:58 pm »
Пежо 206 е убаво количе.
206 караван не баш.
Незнам зошто сакаш да купиш таква караван.

Подобро земи кола која е подобар караван.
Еве ти една форумска

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,22610.0.html