Ај да пробаме сите да дадеме одговор на следниве прашања, пред психолошки да се релаксираме околу некои предрасуди:
1. Дали 1.0 турбо бензин е подобар мотор од 1.4 атмосферец?
2. Дали би купиле 2.0 ТДИ за да имаш резерва на сила кога ќе престигнуваш на Плетвар, а во останатите 95% би ја возеле колата во град?
3. Дали би купиле 1.0 ТСИ за да ја возиш 95% низ град и да ти биде таман, ама кога ќе идеш на Плетвар ќе вратиш во трета и ќе ја газиш за да претицаш, (што не е некој мачен маневар)?
3. Дали би купиле 1.4 атмо за да ја возиш 95% низ град и да ти биде таман, ама кога ќе идеш на Плетвар ќе вратиш во трета и ќе ја газиш за да претицаш (многу мачно)?
Мало литражните турбо бензинци се замената на 1.4 и 1.6 атмосферците кои беа напорни за возење. Разликата ја прави турбината и тоа многу, затоа што 1.0 турбо бензин е мноооооогу подобар и поеластичен за возење отколку било кој соодветен атмосферец.
Исто како што 1.4 атмо си имаше купувачи кои не беа нешто среќни со изборот, и 1.0 ТСИ ќе си најде купувачи само што овие ќе бидат далеку посеќни.
Поентата ми е што Плетвар, Халкидики, Маврово и угорницата кај Јован Бигорски се совладува еднократно, и не е пресудно за нешто да чини или не чини.
Имам фиеста со 1.4 атмо мотор која е интересна за возење, бара враќање степен подолу при престигнвање, ама не ме фрустрира тоа многу.
Имам возено 1.0 еко буст во Фиеста и Фокус.
1.0 Екобуст во Фокус го возев со тројца во кола и полн гепек од Скопје до Подгорица и назад преку Албанија. Фантастичен беше моторот.
Предрасуди се решаваат со проба. Пробајте, товарете возете. Потоа донесете заклучоци.