За исчитување мислам дека била кој електроничар за автомобили ќе ти направи услуга (нормално без гаранција) за околу 20-30е.
Ќе ти сними фајл кој што ќе му дадеш, а за неговата функционалност нормално нема да гарантира. Ниту пак за ECU ако не помине успешно запишувањето, па ќе мора да си купиш друг.
Како јас направив со истава желба.
Купив друг компјутер 30Е половен со ист број од ист мотор (за Audi станува збор) и на него го ископирав Immo од стариот ECU, а на нови 2 чипа ставив фајл кој што ме почасти еден пријател и купениот компјутер уствари бидна чипувана верзија со 140hp и сменет torque. Оригиналниот ECU си го оставив како резерва.
Само фајлови по интернет ги продаваат околу 100е, има Бугари и Срби. Е сега на кој колку ќе веруваш твоја одлука.