Друже, Леонот 1.4ТСИ од marjanot, не размислувај за друго. Ќе го купев и јас, штета што ми треба кола за долги релации па не ми одговара бензин (cca30к км годишно), во твојов случај 10к км годишно, плус повеќе од тие градска, ништо друго освен бензин. И немој да мислиш дека троши многу повеќе од дизел, дизелот си има свои проблеми кога го гушиш во град. Моментално имаме дизел 2.0 дома и знам како се однесува кога возиш низ град, потрошувачка висока, претежно кратки релации и никогаш не постигнува работна температура, освен ако не е лето. За девојчето земавме бензин иако инсистираше она на дизел(седи, кец).