Здраво дечки.
Колава ја купив од другар, први газди се и домаќински е очувана навистина предобра кола за таа цена
Кога ја купив немаше плин па јас и вградив Ловато дизна плинче и сега си тера, потрошњата е океј и супер работи на плин не е изгубена некоја голема количина на сила на мотор барем според мое лично искуство од возење.
Има клима која работи одлично што не е баш својствено за кола од 1997 година но како што кажав колата е од прв газда купена со 133 000 поминати сега има 136 000 еве веќе 6 месеци ја возам без никаков проблем.
Направив сервис, сменив диктунг на глава на мотор и другото е се во ред. Имам проблем со бојата паднат е целиот лак посебно на кровот (ќе ставам повеќе слики) и генерално бојата е ужас и ја прави целата кола да изгледа како крш (а не е) и тоа ми е криво. Се мислев да ставам фолии но после распрашување испадна дека отприлика исто колку фарбање ќе биде. Мислам дека сепак фарбање е подобра опција. Ќе видиме...
Не знам што друго да додадам така да прашувајте слободно, ќе направам плус фотки некој ден да ставам.
Поздрав!