Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Единствен начин е да ја видиш сервисната историја во Еуроимпекс. Пак и тоа не е ти е најдобар репер. Километражата била внесувана дур колата била под гаранција. Не ми се верува газдата да продолжил да ја сервисира таму. Сите наоѓаат локални механичари.Е сега, добрата страна е мислам што 407-миците имаа 7 години гаранција ако не се лажам (она што го паметам од 2005 година).Во основа, кај нас возилата не врват толку многу километри (освен ако не е такси возена). А ако е дрнкана, верувај многу ќе се познава. Крај краева гледај целата кола да е добра и зачувана. Се знае што е добро, а што е лошо возило.
Комшија пред нова година донесе мерцедес од германија стар 3 години и пројдени 600 000 км. Мерцедесот беше исто како сега да излегол од салон. Без ниедна фалинка а внатре мирисаше на ново. Штета не ги чувам сликите. Така да и за мене не се битни километрите.Sent from my MI 4S using Tapatalk