Јас ваков уред за VAG групација немам користено меѓутоа го имам VCDS 17.1.3, купен од Aliexpress 30$ и солидно врши работа. Чита грешки, брише грешки, одредени работи може и да репрограмира. Тоа што не може да го заврши дава порака дека не е дозволена во таа верзија, а не ја зезнува работата.
Тестирано на Audi A4 1998, VW Passat 2007, Audi A6 2005, Seat Leon 2004, Skoda Fabia 2009, Skoda Octavia 2005, Golf III 1996.
Секаде имам читано, бришано грешки и ресетирање сервиси, успешно.
На Audi A6 пробав со репрограмирање, ми дозволи меѓутоа немав соодветен модул за таков мод, па вратив назад.
Тие кои што се CANBUS може автоматски да ги скенира сите модули, а оние постарите мора рачно од модул во модул и сам да го кликаш за проверка.