Автор Тема: Formula 1 - Season 2018  (Прочитано 97267 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #270 на: 08 Јули 2018, 17:43:14 pm »
Кога Фетел во идентичен инцидент со Верстапен во Кина изгуби доста поени, убаво му беше на Хамилтон ? Насмеан беше тогаш ?
Сега ќе обвинува за нечесни игри. Нека си поплачат со Тото Волф, нека искршат некое биро, ќе им олесни.
Башка инцидентот, многу лошо стартуваше, тука веќе беше у зијан во однос на Фетел. Сепак, добар рикавери направи, благодарение на сејфти кар, но и тактиката ја усраа у мерц. Може да си поплачат, секако, но и да бидат среќни што се таму кај што се на тркава.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #271 на: 08 Јули 2018, 17:51:30 pm »
Немаа друга опција во Мерцедес. Немаа веќе нови или скоро нови сетови на гуми.

А и со тоа што останаа надвор добија на позиција и можност да ја бранат.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #272 на: 08 Јули 2018, 17:53:14 pm »
Немаа уште еден сет жути?!  Не ми се верува...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #273 на: 08 Јули 2018, 17:58:17 pm »
Добра трка, Рајко одлично извозе..

Отсутен Darko_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #274 на: 08 Јули 2018, 18:01:41 pm »
Мора некој од Ферари да ги потплатил стратегичариве на Мерц, инаку нема друга логика зошто не влегоа во бокс... Со Хамилтон глумеа лудило дека не треба бидејќи беше најбрз на патеката, али со Ботас, кој со Ветел и Раиконен беше со најистрошени гуми шта речи....Му ја уништија трката на Ботас од сигурно второ место со шанси за трка со Ветел за прво, до на крај да се бори за 4-то место у последен свиок. Ако стварно немале нов софт сет на гуми, невиден пацерај... Па Ф1 е мајку му, сејфти кар, рокање на гума, дожд, сонце, мењање стратегија у од.. све је факин могуче.

Инаку неверојатно е како од другиве тимови на оваа патека ни најмал отпор не можат да пружат при претекнување. Баааарем нешто малку, ваму таму, подбутни, блокирај, одбрани се 1-2 напади... Јок како тест возачи да беа, многу голема разлика.

После неколку досадни трки, се враќа повторно возбудата како на почеток на сезона. Во Хокенхајм очекувам слична трка пак Ферари и Мерц да се пред Ред Бул, а после тоа Унгарија би требало Ред Бул и Ферари да се пред Мерц според типот на патека.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #275 на: 08 Јули 2018, 19:05:57 pm »
Башка инцидентот, многу лошо стартуваше, тука веќе беше у зијан во однос на Фетел. Сепак, добар рикавери направи, благодарение на сејфти кар, но и тактиката ја усраа у мерц. Може да си поплачат, секако, но и да бидат среќни што се таму кај што се на тркава.


Хамилтон обвинува за нечесната игра со ударот од Раиконен. Затоа правам паралела со тој инцидент во Кина од Верстапен кога на идентичен начин му ја уништи трката на Фетел. И тогаш фановите на Мерцедес го оправдуваа таквото возење на Верстапен, демек имало место, вака така.
Сега на нивна кожа почувствуваа истата ситуација.
Јас ја оправдувам казната и тоа дека Раиконен е крив, и ете си доби казна си ја одработи.
Али нареден пат кога и Фетел ќе настрада на сличен начин, нека бидат фановите на Мерцедес фер и нека речат дека тоа е намерно.

Башка тимските наредби на Мерцедес и тоа јавно на тимско радио, па они нашле да обвинуваат за нечесни игри.

И капакот на се Хамилтон, затоа ми е одвратен, затоа што ке се посере од смеење кога победува, а кога губи е тогаш цел свет е крив.

Ајде нека си искршат некое биро со Волф.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #276 на: 08 Јули 2018, 19:12:56 pm »
Мене не ми е јасно како ФИА ги тегне наградиве, 5 секунди за фетел, 10 за раиконен (ова изглеа зошто им се виде малку на мерц 5с за фетел минатата трка)... мислам тресење казни од рукав...

(ова беше од минатата трка меме)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #277 на: 08 Јули 2018, 19:47:53 pm »
Трката беше одлично потсетување на "вистинските" денови на Ф1 кога од прв до последен круг имаше адреналин во трките.

Инцидентот помеѓу Раиконен и Хамилтон според мене беше тркачки контакт кој едноставно неможе да не се случи во овој спорт. Оттаму мислам дека казната за Раиконен беше непотребна и производ на бирократијата на ФИА која се обидува преку мавање на восптни шамари од 5 и 10 секунди да одржува ферплеј.

Морам да признаам дека Хамилтон имаше добар камбек и многу вешто се проби до 5 место пред првата тура на боксови. Инфериорноста на болидите што ги поминуваше во комбинација со упортноста на Хамилтон даде одлична динамика на трката.

Раиконен исто така покажа солидно возење и дуелите со Верстапен беа одлични за публика и за спортот во целост.

Ботас беше во рамките на неговата просечност. Техничко и прецизно возење, кое не носи резултати на крај.

Ветел не можеше со свежи гуми и во ДРС зона да го помине Ботас цела вечност. А Ботас беше просечен и инфериорен во споредба со пакетот на Фетел. Сеуште стојам на ставот и тврдењето дека Ветел е просечен возач во одличен тим и болид. Момакот е одличен за да стартува од пол позиција и да извози самостојно до крај како прв. Но кога треба да претекнува, да вози под притисок или не дај боже да вози по влажна стаза е под просек.

Ферарито функционираше одлично овој викенд, плус имаа итра стратегија да ги држат двајцата возачи на тазе гума цело време. Во тие околности Раиконен извозе далеку по машки за разлика од Ветел.
Секоја чест за победата, на крај тоа се брои.

Многу ми фали Мекларен во целава приказна, едноставно тие се најголем тим во Ф1 моментатлно кој има гиганстки развоен центар и потенцијал ама немаат среќа со моторите и тоа е.

Добро е што Фетел се одвои во Генерален Пласман, знаејќи го карактерот на Хамилтон и трките што престојат ќе има одлична сезона.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #278 на: 08 Јули 2018, 21:06:01 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #279 на: 08 Јули 2018, 21:09:14 pm »
Одлична и интересна трка. Она што ми остави впечаток нормално Хамилтон што успеа да се врати и тоа на второ место. Секоја чест, но со онакво лузерско однесување многу нервира. Ветел и Хамилтон искачаат од болид се поздравуваат со тимот радости ова она и даваат интервју а овој како педерче избега нагоре по скалите не даде никакво интервју! А контактот се случи и мислам нема што Хамилтон да гуми жртва кога Раиконен си доби казна за тоа.

Плачипичка што би рекле.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #280 на: 08 Јули 2018, 23:34:56 pm »

Многу ми фали Мекларен во целава приказна, едноставно тие се најголем тим во Ф1 моментатлно кој има гиганстки развоен центар и потенцијал ама немаат среќа со моторите и тоа е

 Да, да до моторот ќе да е  :(

Фалат Ред Бул-ите во битката, ќе биди уште мноогу позабавно,  редно е Рено да извај некој коњ плус.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #281 на: 09 Јули 2018, 16:47:40 pm »
Мекларен лани постојано изјавуваа дека имат одлична шасија и дека со добар мотор ќе се борат за подиуми/победи исто како и Ред Бул. Сега кога добија помоќен мотор се виде дека шасијата и аеро пакетот не им се на ниво.

Али сепак Алонсо вади максимум од болидот и жално е што не го гледаме во помоќен болид.

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #283 на: 10 Јули 2018, 07:55:31 am »
Му текна отпосле

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6441
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2018
« Одговори #284 на: 10 Јули 2018, 08:03:46 am »
Не знам дали ми се искривена сликата од порано, ама последниве години шампањското го прскаат оти така е редот,
само победникот повесел другите сите намрштени, како демек, „јас требаше да победам“

Мекларен и лани ми беа комедии демек шасијата му била топ ноч, хонда не чинела, се виде оваа година дека е лајно, просечна. 1 секунда побавна шасија од Ред бул имаат. Не се најде младо момче што ќе го однеси впензија Алонсо, Вандорн едноставно е чорба.

Магнусен ќе вози шо ќе вози за Хас, после тоа лета од формула 1, само американски тим можи да трпи ваков шитфејс.