Многу динамична трка.
Ферари се моментално нај комплетни во однос на перформансите. Според тоа што успеав да го прочитам, го вртат моторот до максимум за да им набијат предност на Мерцедес на трките кои не се на Европско тло. Тоа може да резултира со многу пехови во есенскиот дел од сезоната, ама останува да видиме.
Незнам дали Мерцедес играат на стратегија на долгорочност, за да удрат на крај од сезоната. Очигледно е дека перформанси имаат затоа што во тек на трка можат да одржуваат чекор со Ферари.
Како и неколку пати претходно, повторно ќе го повторам моето мислење дека Фетел е возач кој што пука под притисок. И мислам дека неговиата психолошка аномалија ќе биде една од причините Ферари да изгубат уште бодови во текот на сезоната.
Хамилтон е просечен, не дава 100% изгледа му е веќе преку жур возењето во Ф1.
Немам коментат за пациентите од Ред Бул. Едноставно и двајцата се големи шупаци.И Рикиардо и Верстапен. Ок, Верстапен можеби повеќе.
Одличен развој на сезоната, убаво е да има промени на врвот од табелата. Ќе биде интересно.