Гледам дека се расплини темава со ДПФ от, прво да Ви кажам фала на сите за укажувањата, научив нешто ново
.
Можеби е точно дека ваква кола е повеке за на отворено, меѓутоа секогаш сум сакал поголеми возила, така да и по 1 км неделно да поминувам , пак би земал ваков ранг на кола. Нормално спремен сум да ги поднесам сите последици што доаѓаат.
За да ја сменам малку темата ке Ви кажам дека од NEXEN гумиве нешто не сум задоволен посебно, доста се бучни, немаат добар грип, и на дожд не се однесуваат најсоодветно за оценката. Ама колку пари толку музика !
Поздрав за сите .