У принцип, имам почитување за Хјундаи како бренд, ако ништо друго, ради напредокот кој го постигнаа за многу кратко време.
Моторот во ниеден момент не се осеќа како да има 130 коња. Тоест, се чувствува, али у некој многу мал распон на вртежи, и тоа смешно визоки. Над 3500 вртежи е стварно бучен внатре, и (ваљда пошто беше прилично неразработен сеуште), работеше малку грубо.
Но и тоа не е проблем до толку.
Мене кај Елантра-та сериозно ми смета управувањето. Додека да ја возам Елантрата, школски пример за прелесно, пре-асистирано управување без никаков фидбек ми беше Фиат Браво, но Елантрата го надмина и него. Нема никаков фидбек, што не ми влева доверба во возењето. Едноставно нема никакви повратни информации, и во ниеден момент не знае возачот што се случува со предните тркала.
Како што реков неколку пати - сосема добро возило за некој што му треба просторен, добро склопен, ефтин и прилично убав автомобил за да си ги тера фамилијарните обврски. Али во никој случај возило за некој што сака возење и што среде ноќ ќе искочи да се вози.