Јас сакам оваква кога би имал можност:
https://www.youtube.com/watch?v=iLZBDhFn6tAИнаку:
Ти ќе ја купеше Елантрата за 18.600еур?
I rest my case.
Иако не е за мене прашањето.
Кога ја гледав конкретно Елантрата со опрема како мојата чинеше 16800 ако добро се сеќавам, а таа поефтината околу 14 и нешто.
Цената ми беше ту мач.
Па си продолжив да си гледам Астра 1.4т или 1.6 Атмо на плин со опрема и конфигурација и цена од 14 500.
Од астрата се одкажав првиот момент кога видов дека Елантрите се на попуст и се продаваат по 14 400, и поефтините 12 800.
Но разликата која беше помеѓу едната и другата со опрема, и нормално цена, беше нереална. За толку малку пари се добиваше релативно многу.
Прво оригинални бандаши, резелвен алуминиумски бандаш, 6 воздушни перници и воздушни завеси, електрика на сите прозори, дискови и нпред и позади, команди на волан, хром лајсни, сензори за паркинг, двозонска автоматцка клима и уште еден куп работи што не ми текнуваат. За разликата во цена никогаш не можеш да ги добиеш тие работи.
Но ако цената останеше иста, сигурно ке одев на Астра или пак нешто друго ако ми се видеше интересно.