Одамна не сум пишал во темата, ова требаше да е викенд возило, ама татко ми си го присвои за него, ја батали Ксарата и сега секојдневно се вози купето. Во меѓувреме беа сменети лагери позади, напред сменивме зглобови и се извади А-тест за плинот. Сега механички е во добра состојба и на крај ќе остане каросеријата да се средува.
Исто така земавме спојлер за на гепек за 1000 денари, се состои од три делови и средишниот дел се штелува, привремено е монтиран колку да видиме како изгледа, ама мора да се ишприца, тоа ќе се среди викендот.
Го сменив и радиото, го извадив од Ксарата бидејќи веќе не се користи, Пионир не знам кој модел беше, со ЦД/УСБ, купено ми е 2010 година од Макпетрол продавницата што беше спроти Југодрво ама до ден денес одлично си функционира. Сега за сега тоа е.