Автор Тема: Moose Тестови  (Прочитано 98804 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6381
Одг: Moose Тестови
« Одговори #465 на: 11 Август 2020, 07:14:20 am »
Значи според карклуб експертите, обичен Фокус подобар хендлинг има од Фокус СТ. Ајдеееееее....  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43413
  • Il Moderatore
Одг: Moose Тестови
« Одговори #466 на: 11 Август 2020, 07:22:58 am »
А зошто би те чудело тоа, 1.0 тежи 1322кг, додека ST -1508кг. Разликата е претежно пред предните тркала, во носот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6381
Одг: Moose Тестови
« Одговори #467 на: 11 Август 2020, 08:53:20 am »
Па ако е така стави ги на стаза да видиме кој има подобар хендлинг и кој ќе извади подобро време. Може само вака на мали кривинчиња со смешни брзини полесната кола да биде по агилна, и толку. Да земам Даеву Тико парче ќе ги направи сите овие коли и ќе се такмичи таму горе со Порше 911. 

Исто како што и обична фиеста на бавен свиок ќе биде по-агилна од фокус поради самата тежина. А друга работа е што тука на "тестов" стриктно се гледа како е калибриран самиот ЕСП систем со нагла промена на правец, каков хендлинг какви бакрачи.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43413
  • Il Moderatore
Одг: Moose Тестови
« Одговори #468 на: 11 Август 2020, 12:11:40 pm »
Види, не дека го бранам тестов, но хендлинг е едно, брзина на стаза е друго. Иако полесниот ќе има бољи хендлинг, не значи дека ќе биде побрз на одредени стази.
За конкретниов случај со двава фокуси, ST и обичен 1.0 екобуст, може да споредиме оваква хипотетичка ситуација: Од стража надолу према Кичево, ST ќе си има поголема мака со андерстир од 1.0. Секако ST Ќе стигне побрзо до охрид, ама надолу по кривини, кога не ти треба моќ од моторот, 1.0 ќе си „гази“.

Јас знам од алфистичкиве форуми (согласно моите интереси нели), на пример 156ките, често пати 2.0ts биле повеќе фалени од потешките у нос 2.5V6, или од 2.4 дизелите. Исто и со 159, 2.4 е далеку потешка во носот, и тоа ја прави потешко управлива од 4 цилиндарците, иако е доста побрз од 1.8мпи, 1.9јтс и 2.2јтс. 1.8TBi се смета за најдобрата варијанта, затоа што ја има снагата на поголемите мотори, а тежината е меѓу најниските, па затоа ја ценат за целокупното возачко искуство.

Да ја кажам поентата, ова е тест на хендлинг при екстремни маневри. Не е оверол хендлинг. Али кога ги гледаш двеве исти возила на истата патека, кои што релативно може да ги земеме дека се во контролирани услови (иако возачот можеби не се ја опнал девојка му сабајлето, па слаби му се рефлексите), реално се гледа колку е ST-то nose-heavy и како предните гуми се мачат грип да фатат при екстремните маневри.

Иако знам дека многу тука „се ежат“ од википедија статии, јас сепак ќе ја ставам статијата за хендлинг, вреди да се прочита:
https://en.wikipedia.org/wiki/Automobile_handling
« Последно менување: 11 Август 2020, 12:28:00 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54816
  • Махер
Одг: Moose Тестови
« Одговори #469 на: 11 Август 2020, 12:30:28 pm »
Истото беше и со Golf GTI наспрема Golf VR6. Подинамичен е GTI, а по крузерски е VR6. Кај фокусот RS е камен тврд и спортски, а ST е повеќе наменет за крузење. Секако управувањата не се баш лоши за 2300цц кубици мотор, напротив се доста добри. :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Moose Тестови
« Одговори #470 на: 11 Август 2020, 13:17:51 pm »
СТ на Видиковец ќе помине со 120 да речеме ама 1.0 ќе пушти предница или газ на 100, џабе го поминал мус тестот побрзо кога тоа не се отсликува во управување. Единствено само покажува на која кола како работи есп-то.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43413
  • Il Moderatore
Одг: Moose Тестови
« Одговори #471 на: 11 Август 2020, 13:34:18 pm »
СТ на Видиковец ќе помине со 120 да речеме ама 1.0 ќе пушти предница или газ на 100, џабе го поминал мус тестот побрзо кога тоа не се отсликува во управување. Единствено само покажува на која кола како работи есп-то.
Зошто мислиш дека ќе пушти 1.0 (доколку стигне до таа брзина, прво и основно?) Јас мислам дека нема.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Moose Тестови
« Одговори #472 на: 11 Август 2020, 14:55:44 pm »
СТ на Видиковец ќе помине со 120 да речеме ама 1.0 ќе пушти предница или газ на 100, џабе го поминал мус тестот побрзо кога тоа не се отсликува во управување. Единствено само покажува на која кола како работи есп-то.
Зошто мислиш дека ќе пушти 1.0 (доколку стигне до таа брзина, прво и основно?) Јас мислам дека нема.

Суспензија, гуми и други фактори. Мада и со иста димензија бандаж/гума пак нема да помине поради другите фактори како суспензија и цврстина на шасија. Нека е со некој помоќен мотор споредбата пак нема да помине. Да беше така пример 335и ремапирано на иста моќ со м3, ќе имаше исто време со м3 на стаза.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16664
  • Keep it 100
Одг: Moose Тестови
« Одговори #473 на: 11 Август 2020, 15:24:31 pm »
Упорно споредувате Moose тест со управување на стаза, а едино заедничко што може да имаат е тесна шикана.

Moose тестот прикажува до која брзина во реален свет ќе можете да избегнете одрон на патот, куче што рипнало од жардињера, кола што нагло застанала пред вас, необележан трактор ноќно време итн. на коловоз со само две ленти. Така да битен си е тестот, поготово за Daily Driver возило.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Moose Тестови
« Одговори #474 на: 11 Август 2020, 15:32:51 pm »
И сите успеваат да го избегнат кучето :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54816
  • Махер
Одг: Moose Тестови
« Одговори #475 на: 11 Август 2020, 15:52:54 pm »
Упорно споредувате Moose тест со управување на стаза, а едино заедничко што може да имаат е тесна шикана.

Moose тестот прикажува до која брзина во реален свет ќе можете да избегнете одрон на патот, куче што рипнало од жардињера, кола што нагло застанала пред вас, необележан трактор ноќно време итн. на коловоз со само две ленти. Така да битен си е тестот, поготово за Daily Driver возило.
Разликата е во нагло непредвидено управување како мус тест, и прогресивно калкулирано мазно возење на стаза. На стаза нема коли кои одат во спротивен правец, нема шахти, нема дупки, а и да ги има ги знаеш од претходниот круг. Нема непредвидени работи. Во секојдневниот живот има такви.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Moose Тестови
« Одговори #476 на: 11 Август 2020, 16:41:38 pm »
Упорно споредувате Moose тест со управување на стаза, а едино заедничко што може да имаат е тесна шикана.

Moose тестот прикажува до која брзина во реален свет ќе можете да избегнете одрон на патот, куче што рипнало од жардињера, кола што нагло застанала пред вас, необележан трактор ноќно време итн. на коловоз со само две ленти. Така да битен си е тестот, поготово за Daily Driver возило.

Ова е само делумно го оправдува тестот, скоро никогаш во реалниот свет не пробуваш да се вратиш во сопствената лента после избегнување. Исто така во реалниот свет се кочи за да не се мавне нешто, не се избегнува.
Мус тестот е битен само каде што живеат мусови поради тоа што може да излетаат на пат и е ризично да ги мавнеш, затоа што ако го мавнеш пола тон на кров ти слетува. Во секој друга ситуација се кочи и подобро е за сите да се деси ударот отколку да се прават ризици да се маваат возила од спротивна насока. Ако е за куче избегнување сигурно нема да ризикувам да се мавнам во друга кола од спротива за 100 евра штета.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Moose Тестови
« Одговори #477 на: 11 Август 2020, 17:38:23 pm »
Ништо не знаете, излетува Мус и се укопува на лентата на која се движиш, таман го избегнуваш со маневар кога од другата страна излетува друг Мус кој исто така се укопува на лентата и те принудува повторно со остар маневар да го избегнеш, притоа се враќаш на својата лента ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Moose Тестови
« Одговори #478 на: 11 Август 2020, 18:46:30 pm »
Упорно споредувате Moose тест со управување на стаза, а едино заедничко што може да имаат е тесна шикана.

Moose тестот прикажува до која брзина во реален свет ќе можете да избегнете одрон на патот, куче што рипнало од жардињера, кола што нагло застанала пред вас, необележан трактор ноќно време итн. на коловоз со само две ленти. Така да битен си е тестот, поготово за Daily Driver возило.

Ова е само делумно го оправдува тестот, скоро никогаш во реалниот свет не пробуваш да се вратиш во сопствената лента после избегнување. Исто така во реалниот свет се кочи за да не се мавне нешто, не се избегнува.
Мус тестот е битен само каде што живеат мусови поради тоа што може да излетаат на пат и е ризично да ги мавнеш, затоа што ако го мавнеш пола тон на кров ти слетува. Во секој друга ситуација се кочи и подобро е за сите да се деси ударот отколку да се прават ризици да се маваат возила од спротивна насока. Ако е за куче избегнување сигурно нема да ризикувам да се мавнам во друга кола од спротива за 100 евра штета.

Ова сценарио не покажува резултат само во мус тест. Во реалност може било што да ти искочи а не само мус, може дете да ти истрча на пример и да имаш возило од спротива. Ама мус тестот покажува како возилото се справува со нагли и драстични промени на правец, вакви промени има при аквапланинг, било кој оверстир, пролизгување на предница и задница при делумно влажен коловоз, наидување на возило од спротивен правец, не мора да се врти само лево па десно па назад лево, може и обратно. Мус тест маневар ти е идентичен како кога на стража кога претица Ауди на полна линија и непрегледен свиок а ти возиш во средна лента. Согласно како се понаша колата на мус тест во реалност ти значи дали колата ќе ти остане на патот или ќе леташ во бездна.

Мус тест како што рече Фиц нема врска со возење на стаза освен во случај на многу кратка шикана, но таквите шикани се фаќаат на друг начин а не со маниомбра де ескива.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Moose Тестови
« Одговори #479 на: 11 Август 2020, 18:54:20 pm »
Значи да возиме сите со 70+кмч и сигурни да бидеме дека може да избегнуваме деца низ град, јасно.