Автор Тема: Шевролет Авео Т200 1.2  (Прочитано 3750 пати)

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Шевролет Авео Т200 1.2
« на: 17 Декември 2017, 18:44:59 pm »
Конечно најдов време и слики да го претставам моето возило. Станува збор за Шевролет Авео од 2006. Колата ја купив во ноември 2014 од Олимпија моторс со 98000 км. Досега имам поминато околу од 20000км. Пред некој ден ги менував таблиците од Скопски на Прилепски, ја префрлив колата на фирма која има седиште во Прилеп. Инаку досега имав проблеми со палењето на ладно, кое после 2 и пол години и 3 сменети мајстори испадна дека е ослабена пумпата за гориво. Други битни проблеми не сум имал. Инаку плин и намонтирав по 3 месеци од купувањето. Засега задоволен сум од колава.



« Последно менување: 17 Декември 2017, 19:21:32 pm darkomic »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #1 на: 17 Декември 2017, 19:09:45 pm »
Со здравје да се тера. Среди фарчињата да прогледаш и ти и колата :)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #2 на: 17 Декември 2017, 19:14:57 pm »
Со здравје да се вози, уште многу безгрижни километри. :)

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #3 на: 17 Декември 2017, 19:22:12 pm »
Со здравје да се тера. Среди фарчињата да прогледаш и ти и колата :)
Во план ми е тоа ама од пусто немање време.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #4 на: 17 Декември 2017, 20:36:15 pm »
Moeto Aveo primetiv deka potesko pali na prvo palenje koga e priprazen rezervoarot.
Sega go cuvame popoln i nema gajle, bar taka mi kazuva zena mi, ona go vozi.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #5 на: 17 Декември 2017, 21:07:23 pm »
Супер количе. Создравје да се вози. До сеа искрено само пофални зборови имам слушано за Aveo. Два-три пати се имам возено со еден колега во Нови Сад, и беше солидно количе онака. За низ град идеално.

Како е со потрошувачка? (плин/бензин)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #6 на: 18 Декември 2017, 12:19:17 pm »
Супер количе со здравје да се вози.
Вујко ми го има истиот модел од 2006та прв газда, има некои 150к км, топ се покажа количето, плинче му стави пред 50к км и само гас. :D

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #7 на: 18 Декември 2017, 20:31:20 pm »
Супер количе. Создравје да се вози. До сеа искрено само пофални зборови имам слушано за Aveo. Два-три пати се имам возено со еден колега во Нови Сад, и беше солидно количе онака. За низ град идеално.

Како е со потрошувачка? (плин/бензин)
Потрошувачката му се движи помеѓу 8 и 9 литри плин на 100 км комбинирано. За бензин неможам да кажам со сигурност оти многу на бензин не сум ја возел.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #8 на: 24 Април 2018, 15:26:14 pm »
Направен редовен сервис

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #9 на: 24 Април 2018, 15:29:16 pm »
Вчера откако наточив плин не сакаше да префрли на плин. Контролерот во кабината пиштеше како да нема плин. Денес ја однесов во Плинекс на проверка. Заменет филтер на плинскиот уред и одглaвен електромагнет на една од дизните.
« Последно менување: 24 Април 2018, 15:54:29 pm darkomic »

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #10 на: 15 Мај 2018, 07:13:13 am »
Откако го прелемив дисплејот на инструмент таблата после повеќе од 1500 км поминати ниеднаш не ми исчезнаа бројките на дисплејот.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #11 на: 25 Јануари 2019, 16:52:16 pm »
После 4 години време е да предадам Авеото на друг сопственик. За брзо време ќе го огласам. Малку ми е жал затоа што количево верно ме служеше сите овие години. Меѓутоа не е соодветно за мојата работа која е поврзана со големи километражи па морав да го заменам за Hyundai i30

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #12 на: 25 Јануари 2019, 18:12:01 pm »
Авео Т200 помислив турбо 200 коња, тоа да ти било 1.2 :)

Со здравје возење.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Шевролет Авео Т200 1.2
« Одговори #13 на: 16 Февруари 2019, 15:24:47 pm »
Денеска ја продадов колата. Време е да се затвори оваа тема.