Да не спамам во повеќе постови склопив еден:
03.11.2021, 84.500км, точно 4 години во моја сопственост, за сега уште добро ме служи, сменив доста ствари, голем сервис и ламела мене ми се паднаа ама тоа е, ради мајсторска грешка два пати мењав задни кочници, заден лев лагер и зимска сава гума која ја искинав ради лагерот пошо се блокираше тркалото, сменет и десниот заден лагер кој попуштил пошо не биле добро наместени деловите и при кревање ручна мавало на него, иако е сменет уште има бучава ама не е проблем, барем така ми рекоа, а и извозив преку 2000км со бучавава без проблем. Ламелата исто си легна баш на средина си фаќа првите 3-4 дена ми беше чудна.
Денес 85.234км вратен зимскиот сет, со летниве поминато 5684км, досегашен впечаток малце послаб grip од стариве летни особено на мокро, но од друга страна малце помеки на нерамнини и доста потивки. Во меѓувреме на 19 ноемрви забележав дека и акумулаторот наполнил 4 години, уште не покажува знаци на слабост ама веќе ме фаќа некој страв дека на првиот појак студ ќе ме заебе.