како би и стоеле благо затемнети стакла мх мх мх
Aпсолутно.
Тоа е една од неколкуте работи кои би ги направил, но има време.
Ако иде со затемнети стакла, секако дека задниот дел би размислил да го прелепам со црна фолија (како што предлага Зеро). Фарбање никако.
Второ за што размислувам е црн бандаж 18 ка...на 235/5050 гума (пониска никако) ...Сеуште се мислам, не не знам дали би зел и ако земам дали ќе оди на зимските или летните гуми.
Трето што сакам да порачам се оригинал алуминиумски навлаки за педаљите какви што имав на старото ГТЦ...мислам дека ќе одговараат со ентериерот.
Четврто е секако педен ОПЦ лип...со оглед на тоа дека страниците од ОПЦ бодикитот се веќе ставени од првиот газда, а задниот шанк од тој пакет ниту ми се допаѓа, ниту одговара на карактерот на колава...останува само предниот лип под браникот кој мислам дека би изгледал вака...(на сликава подоле фалат страниците кои јас ги имам)
Проблем е што кошта сочни 26.000 и тоа со попуст, како и фактот дека кад тад ќе го очешаш негде...па после ќе го кукаш.
Сегашното решение со црн лип одоздола ми е секако ОК бидејќи тој е предвиден токму за заштита на браникот, и е поефтин за мењање.
Пета работа би бил секако нов софтвер за овој мотор, за да извади рамно 200 КС ( како што и сега се продава на ново), но некако за 20 КС не би си играл играчки на нова кола поготово покрај Калибрата.
Друго ништо нема што да се пипа....само пали вози, турање гориво ( 10-11 литри градска) и редовно одржување.