Автор Тема: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)  (Прочитано 31241 пати)

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 263
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #90 на: 17 Јануари 2025, 14:11:06 pm »
Knipex Cobra 180mm има ли некаде низ Скопје?

По можност да не е веб шоп да одам да си ги купам директ од продавница.
Провери во https://sbd.mk/product-brand/knipex/

и на https://konstrukcionsbiro.mk/

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4101
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #91 на: 23 Јануари 2025, 22:52:02 pm »
Зошто не од WEB? Со SBD одлично искуство имам. Супер професионално, се јавуваат после нарачка. Се договараш коректно за испорака. Добиваш документ и фискална. Јас не би мрднал од дома ако знам точно што барам и имам два дена време да го почекам.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2475
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #92 на: 27 Септември 2025, 09:00:52 am »
Ingco или Extol електричен алат за дома?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44862
  • Il Moderatore
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #93 на: 27 Септември 2025, 10:03:31 am »
Првите..
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4041
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #94 на: 27 Септември 2025, 17:18:15 pm »
Енхиел

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 950
  • The best or nothing.
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #95 на: 27 Септември 2025, 17:52:06 pm »
Енхиел

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Каков Бош?  ;D

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4041
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #96 на: 27 Септември 2025, 20:31:05 pm »
Енхиел

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Каков Бош?  ;D
Тоа е веке скапа играчка

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 950
  • The best or nothing.
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #97 на: 04 Октомври 2025, 20:17:53 pm »
Дечки, препорачајте квалитетни/најдобри битови за штрафилица. Лошиве битови ем се усукуваат, ем ја оштетуваат главата на штрафот.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4041
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #98 на: 04 Октомври 2025, 21:49:45 pm »
Дечки, препорачајте квалитетни/најдобри битови за штрафилица. Лошиве битови ем се усукуваат, ем ја оштетуваат главата на штрафот.
https://alatzase.com/product/38-delen-set-bitovi-i-burgii-makita-b-54106/

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6232
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #99 на: 04 Октомври 2025, 22:40:58 pm »
Се шо е скапа марка или винтиџ :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4101
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #100 на: 05 Октомври 2025, 09:25:58 am »
Дечки, препорачајте квалитетни/најдобри битови за штрафилица. Лошиве битови ем се усукуваат, ем ја оштетуваат главата на штрафот.

Квалитетен бит (и било кој лат) е благодет и сите на кои има треба многу шрафење далеку посиплатливо е скап бит да имаат. Но, бит е потрошен мтеријал, не верувам дека има многу што би издржале над 500 шрафа со ударна штрафилица со директно шрафенје без претходно дупчење.

Од моите искуства за брзо и прецизно шрафење биле torx шрафови/битови за дрво. Ако зборуваме за саморезни шрафови тука други правила важат.

Како и да е за повеќе да траат:
- големината и типот да одговараат за шрафењто. Често пати луѓе мислат дека е ОК да се шрафи PHilips шраф со PZ bit, ама тоа е строго НЕ ако сакаш да го сочуваш битот!. Значи внимателно бирање на шраф/бит комбинација.
- ако шрафиш со ударна шрафилица обавезно impact bit  кој има флекс.
- пази на техниката на шрафење, и каде може и има време избуши пред шрафење, ако немаш време мора да бараш шрафови соодветни за намената каде врвот е дизајниран да „реже“.
- ако шрафиш два различни материјали едно на друго без бушење вежабај малце. Јас се утепав кинејки саморезни шрафови кога се обидував директно да зашрафам шпрерплоча на метлана конструкција, додека не решив дека е поарно да направам дупки на шперплочата.
- Не почнувај работа без неколку битови на располагање во иста димензија. Лошото шрафење и прогресивната нервоза ќе се надополнат со фрустрација која на крај ќе има мноогу лош резултата во тоа како изглед сработеното.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 263
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #101 на: 05 Октомври 2025, 11:21:06 am »
Дечки, препорачајте квалитетни/најдобри битови за штрафилица. Лошиве битови ем се усукуваат, ем ја оштетуваат главата на штрафот.
Gross ги има во Меркур а сум го видел и по железари, цената зависи од битот ама е од 30 до 100ден. Споредено со други брендови
од рандом фирми се секако многу подобри а дефинитивно се подобри и од Девалт и траат подолго време.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 950
  • The best or nothing.
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #102 на: 05 Октомври 2025, 16:04:20 pm »
Како и да е за повеќе да траат:
- големината и типот да одговараат за шрафењто. Често пати луѓе мислат дека е ОК да се шрафи PHilips шраф со PZ bit, ама тоа е строго НЕ ако сакаш да го сочуваш битот!.
- пази на техниката на шрафење, и каде може и има време избуши пред шрафење, ако немаш време мора да бараш шрафови соодветни за намената каде врвот е дизајниран да „реже“. Јас се утепав кинејки саморезни шрафови кога се обидував директно да зашрафам шпрерплоча на метлана конструкција, додека не решив дека е поарно да направам дупки на шперплочата.

Ништо од ова не пазам, бидејќи не знам.  :)
Имав 2 бита (подолги), и штрафев полици, дали 5 штрафчиња заштрафив, прво се скрши битот, а вториот бит самата глава округла му стана.

За какви штраф мислиш? Јас со обичен хол штраф, со обична штрафилица, треба да штрафам рафтови.

Под дупки, мислиш на бушење со бургија? Треба една бројка помала бургија? Не ми текнало на вакво нешто.  :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4101
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #103 на: 05 Октомври 2025, 17:30:34 pm »
"Обичен хол шраф“ веќе нема. Шрафиш рафтови? Што е основата? Ако е метлна е едно ако е дрво друго.

Да, предбушење на дупка ја подобрува прцизноста и ја намалаува маката при штрафење. Ајде прво внимавај на глават на шрафот изгледот и гоелмината на битот. Точна големина и точен бит за типот на глава. Штом еднаш ќе проврте бит страдаат и шрафот и битот, зависи што е поквалитетно подолго ќе држи. Во суштина најбитно е да не проклиза. Јас заштрафив едно 600-700 шрaфа за неколку саати опшивајки ја работиницата со ОСБ плочи шрафени на 15 цм во дрво и во челик со самонарезни. При тоа искористив два бита. Користев дба различни типа на саморезни шрафови, но за да  добијам ефикасно иксористување на матријалот и времето морав да бушам ОСБ табла онаму аде што требаше да одат саморезните за метал.
Од прилика овака изгледа тоа во текот на работата.



Значи добар бит/правилен избор на бит и шрафилица која е способна да контролираш удар/брзина и вртежен момент се битна работа ако имаш доста да сработиш.

Еве едно видео може не е најарно ама доволнодобро за едкација.


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 950
  • The best or nothing.
Одг: Алати,клучеви,машински алати(искуства и препораки)
« Одговори #104 на: 05 Октомври 2025, 18:03:58 pm »
Шрафам летвички/даски во дрвена конструкција. Проблемот е што сами даски се многу тврди, па треба саглам битови. Не знам како правилно се викаат шрафовите, јас сите штрафови за дрво ги "знам" како хол шрафови.





Во врска со работилницата, над осб табливе што ќе ставаш? Ме тера дедото да правиме шупа за алат/буриња/магацин, па се мислам како да изведеме. Дали со метални профили, и да опшијам со термопанел 3-ка и кров и ѕидови, или пак вака со осб табли, па што ќе искочи ќе биде смешки.  :)