@NikolaG Ако мислиш на потрошувачката на гориво, тука се негде со послабата верзија на овој мотор, односно 1,6 Тдци (ХДИ) со 90 кс, со тоа што за овој вториот имаш поефтина регистрација и зелен картон (а кај некои верзии нема и ДПФ) и тука доаѓа економичноста до израз. Најголема мана (не мора да е случај кај секое возило) е пропишаниот фабрички интервал за промена на масло (на 30.000 км или 2 години) па се прави талог и се запушува ситото на доводот на маслото до турбината и моторот и тука страда прво турбото, па после може да дојде и до потешка хаварија. Сето ова може да се избегне ако се става соодветно масло 5-30 и тоа на максимум 15.00 или еднаш годишно, ако имаш историјат на колата че имаш повеќе претстава. Некаде прочитав нешто за проблем со „третата“ дизна, па затоа за што и да се одлучиш колата на асален мајстор да ја провери убаво. Инаку МАзда 3 која го користи истиот мотор и истиот си го доработува вакви проблеми не знам ни дали постојат а и сервисниот интервал за голем сервис и е продолжен до 250.000 км. Ти кажувам веројатности, не мора да значи дека е правило.