Тукушто монтирав зимски сет кај Клинчар. Иако испорачува во Скопје, мести и во Неготино, па за сумата на монтажа решив да претрчам до Неготино.
Се работи за Conti TS850P во димензија 225 55 17 ( имам стари зимски и летни во оваа димензија па ако некој му треба димензијава, за ситна надокнада може да се договориме. Без удари и досега недупнати )
Цената која ја добив беше 9.600 по гума, на фактура сосе ДДВ. Во Мотоцентар „најпријателската“ со јавување кај газдата беше 11.900.
Од Клинчар добив вакво упатство. Телефон за контакт е 078 361 450 . Обавезно да се нагласи дека од CarClub се јавувате заради цена.
Може да порачате специфичен бренд и димензија, и да чекате 10 дена или тој да ви понуди од тоа што држи на залиха.
Гумите се носат од Бугарија, од овластени дилери. Испорачува и во Скопје, секако без монтажа. ( Монтажата кај него во сервис е бесплатна па отприлика се компензира со патот до Неготино )
Со оглед дека ми е позната ценовната политика на извозниците на гуми ( Conti е во сопственост на моите Schaeffler ) ви тврдам дека цените набавни на Македонските и Бугарските дилери е иста, и нема дополнителни давачки. Кога на Клинчар од Неготино му се исплаќа да носи гуми од Бугарија ( + транспорт), каде и таму дилерот сигурно заработил, и да цената е толку пониска, останува да си помислам дека нашите увозници претеруваат со маржа.
Јас од цените што ги добив кај Клинчар телефонски без да кажам дека сум од Карклуб, нема некоја разлика во споредба со салоните во Скопје. За мојата димензија имаше само Гиславед и цената беше иста како и во Еурогума во Скопје. Сакам да кажам дека за димензии 16 и над 16'' можда се исплати Клинчар ама за помаливе димензии нема никаква логика да возам до Неготино и назад за да заштедам 600 денари за монтажа.
Епа лозинката е карклуб
Не си ја употребил. До неготино немораш да возиш, стигаат и во Ск. А колку ќе заштедиш, зависи од големината. На некого и 500 денари му се заштеда. Сосе врачуната монтажа во заштедата.
Sent from my SM-G928F using Tapatalk