Тукушто монтирав зимски сет кај Клинчар. Иако испорачува во Скопје, мести и во Неготино, па за сумата на монтажа решив да претрчам до Неготино.
Се работи за Conti TS850P во димензија 225 55 17 ( имам стари зимски и летни во оваа димензија па ако некој му треба димензијава, за ситна надокнада може да се договориме. Без удари и досега недупнати )
Цената која ја добив беше 9.600 по гума, на фактура сосе ДДВ. Во Мотоцентар „најпријателската“ со јавување кај газдата беше 11.900.
Од Клинчар добив вакво упатство. Телефон за контакт е 078 361 450 . Обавезно да се нагласи дека од CarClub се јавувате заради цена.
Може да порачате специфичен бренд и димензија, и да чекате 10 дена или тој да ви понуди од тоа што држи на залиха.
Гумите се носат од Бугарија, од овластени дилери. Испорачува и во Скопје, секако без монтажа. ( Монтажата кај него во сервис е бесплатна па отприлика се компензира со патот до Неготино )
Со оглед дека ми е позната ценовната политика на извозниците на гуми ( Conti е во сопственост на моите Schaeffler ) ви тврдам дека цените набавни на Македонските и Бугарските дилери е иста, и нема дополнителни давачки. Кога на Клинчар од Неготино му се исплаќа да носи гуми од Бугарија ( + транспорт), каде и таму дилерот сигурно заработил, и да цената е толку пониска, останува да си помислам дека нашите увозници претеруваат со маржа.