Автор Тема: Megane II 1.5 dCi Совет  (Прочитано 7281 пати)

Отсутен Marko89

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Megane II 1.5 dCi Совет
« на: 28 Октомври 2017, 15:19:14 pm »
Здраво

Во план ми е да купам автомобил половен, па според економичност во потрушувачката Megane II 1.5 dCi ми фати највеќе око.
е сега, да споделите искуство, дали вреди да се купи, на што треба да пазам највеќе доколку би ја купил, колку би ме чинел мал и голем сервис
и други работи....

благодарам

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #1 на: 28 Октомври 2017, 15:22:08 pm »
DA ekonomicen e ali delovite u stilu dizni, pumpi nedaj boze da rikne toa kje te fati potrosnja kako da vozis skanija.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #2 на: 28 Октомври 2017, 15:24:36 pm »
Како што ти кажаа малце се поскапи дизни и такви работи, и кај дизелите дизни, пумпа и турбо јас ги рачунам како потрошен материјал. Се зависи колку е извозена колата и како била сервисирана, може да се случи да ја купиш да и се изнавозиш ништо да нема ама може и да има проблеми со стара кола тоа е.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3926
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #3 на: 28 Октомври 2017, 18:12:18 pm »
Реното дизел е добро ама нема да најдеш сочувано! така да барај си бензин на плин по мирна ке ти биде главата
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Marko89

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #4 на: 28 Октомври 2017, 22:19:22 pm »
Фала ви на сите, зашто не би нашол сочувано, зар сите ги забаталуваат колите?!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #5 на: 28 Октомври 2017, 22:24:29 pm »
Се наоѓаат и солидни коли само биди спремен да изнагледаш многу кршеви и многу време да потрошиш. Јас кога барав 2 месеци барав.

Отсутен Marko89

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #6 на: 28 Октомври 2017, 23:00:07 pm »
секако да сум спремен на тоа, не купувам нешто за 1 ден, сепак сакам асално да купам...
а дали вреди да се види по плацевиве што ги увезуваат колите?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #7 на: 29 Октомври 2017, 01:06:14 am »
секако да сум спремен на тоа, не купувам нешто за 1 ден, сепак сакам асално да купам...
а дали вреди да се види по плацевиве што ги увезуваат колите?

Не вреди. Зошто цената што ќе ти ја дадат, колата не вреди толку. Плацот ти наплаќа разлика во цена пошто од тоа они живеат. Нивната филозофија е увези што поевтин корш, нашминкај го колку да помине и фрли после во отпад. Све е тоа мачка во вреќа со мали шанси за успех

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #8 на: 30 Октомври 2017, 10:47:39 am »
Која година гледаш? пошто подобар примерок се наоѓа од фејслифтот од 2006-та нагоре, и слободно разгледај си по плацевите колку да си имаш за споредба,
а да си земиш од чоек што колку толку ја возел некој година...

Сервисите ти се како секоја просечна кола од таа класа, нема нешто специфично, имаш и поефтино и поскапо.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #9 на: 30 Октомври 2017, 13:52:27 pm »
Поседувам Меган веќе година и пол, па ке се обидам да бидам колку можам пообјективен.

Имај на ум дека поседување дизел на прв поглед е поекономично ако се земе предвид само потрошувачка. Меѓутоа, како кај секој дизел од поново годиште постојат неколку потенцијални проблеми кои може да те чинат повеќе, а тоа се : Турбина, Дизни, ЕГР,  Замаец ( само моделот со 82 кс. нема дмф ) и кај поновите возила ДПФ. Конкретно за Меган, ( цениве се ориентациони ) очекувај цени за турбина околу 300-350 евра, дизни репарација 300 евра, егр 200 евра. ЕГР и ДПФ во краен случај може со мала физичка модификација и софтверска интервенција да се отстранат.

За погонската единица ке чуеш поделени мислења. Некои се задоволни, некои не. Јас го возам 1.9 дци дизелот и сум супер задоволен до сега. Фејслифт моделите од 2006-та па натака користат Бошови дизни, па ги преферираат нив како подоверливи. Ова се цените кои ја ги добив за мал и голем сервис во официјален сервис ( Напомена : Цените за голем сервис во тоа време беа со 30 % попуст на делови и 50 % попуст на работна рака ). 1.5 користи 5-40 масло кое е ситно поевтино.

Подвозјето е релативно едноставно. Во однос на цени 2 кратки, 2 внатрешни спони и стабилизатори би те чинеле не повеќе од 100 евра, промена на чаури на трап и гумици на балансштангла би те чинело исто околу 100 евра, со тоа што би платил поскапа работна рака затоа што се вади цел трап, цени на амортизери очекувај околу 50 евра по амортизер. Подвозјето е прилично комфорно, воланот е лесен, чувство на волан скоро никакво.

Се надевам ке најдеш убав примерок, сочуван примерок, само како што советуваа колегите погоре, без брзање.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #10 на: 30 Октомври 2017, 14:03:33 pm »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #11 на: 30 Октомври 2017, 14:23:40 pm »
Поседувам Меган веќе година и пол, па ке се обидам да бидам колку можам пообјективен.

Имај на ум дека поседување дизел на прв поглед е поекономично ако се земе предвид само потрошувачка. Меѓутоа, како кај секој дизел од поново годиште постојат неколку потенцијални проблеми кои може да те чинат повеќе, а тоа се : Турбина, Дизни, ЕГР,  Замаец ( само моделот со 82 кс. нема дмф ) и кај поновите возила ДПФ. Конкретно за Меган, ( цениве се ориентациони ) очекувај цени за турбина околу 300-350 евра, дизни репарација 300 евра, егр 200 евра. ЕГР и ДПФ во краен случај може со мала физичка модификација и софтверска интервенција да се отстранат.

За погонската единица ке чуеш поделени мислења. Некои се задоволни, некои не. Јас го возам 1.9 дци дизелот и сум супер задоволен до сега. Фејслифт моделите од 2006-та па натака користат Бошови дизни, па ги преферираат нив како подоверливи. Ова се цените кои ја ги добив за мал и голем сервис во официјален сервис ( Напомена : Цените за голем сервис во тоа време беа со 30 % попуст на делови и 50 % попуст на работна рака ). 1.5 користи 5-40 масло кое е ситно поевтино.

Подвозјето е релативно едноставно. Во однос на цени 2 кратки, 2 внатрешни спони и стабилизатори би те чинеле не повеќе од 100 евра, промена на чаури на трап и гумици на балансштангла би те чинело исто околу 100 евра, со тоа што би платил поскапа работна рака затоа што се вади цел трап, цени на амортизери очекувај околу 50 евра по амортизер. Подвозјето е прилично комфорно, воланот е лесен, чувство на волан скоро никакво.

Се надевам ке најдеш убав примерок, сочуван примерок, само како што советуваа колегите погоре, без брзање.
Кој примерок на 1.9дци го имаш 130кс? Како си со потрошувачка низ Скопје и како на отворено?

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #12 на: 30 Октомври 2017, 15:13:01 pm »
^ Не сум од Скопје :) Според мои пресметки низ Охрид Градска 7 - 7 и пол, отворено 5 и пол. Според борд на пројдени ~4000 километри, просечна пишува 6.3.

Отсутен Marko89

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #13 на: 30 Октомври 2017, 19:02:47 pm »
Која година гледаш? пошто подобар примерок се наоѓа од фејслифтот од 2006-та нагоре, и слободно разгледај си по плацевите колку да си имаш за споредба,
а да си земиш од чоек што колку толку ја возел некој година...

Сервисите ти се како секоја просечна кола од таа класа, нема нешто специфично, имаш и поефтино и поскапо.
Па гледав 2008 година, фала ти за се секое инфо

Поседувам Меган веќе година и пол, па ке се обидам да бидам колку можам пообјективен.

Имај на ум дека поседување дизел на прв поглед е поекономично ако се земе предвид само потрошувачка. Меѓутоа, како кај секој дизел од поново годиште постојат неколку потенцијални проблеми кои може да те чинат повеќе, а тоа се : Турбина, Дизни, ЕГР,  Замаец ( само моделот со 82 кс. нема дмф ) и кај поновите возила ДПФ. Конкретно за Меган, ( цениве се ориентациони ) очекувај цени за турбина околу 300-350 евра, дизни репарација 300 евра, егр 200 евра. ЕГР и ДПФ во краен случај може со мала физичка модификација и софтверска интервенција да се отстранат.

За погонската единица ке чуеш поделени мислења. Некои се задоволни, некои не. Јас го возам 1.9 дци дизелот и сум супер задоволен до сега. Фејслифт моделите од 2006-та па натака користат Бошови дизни, па ги преферираат нив како подоверливи. Ова се цените кои ја ги добив за мал и голем сервис во официјален сервис ( Напомена : Цените за голем сервис во тоа време беа со 30 % попуст на делови и 50 % попуст на работна рака ). 1.5 користи 5-40 масло кое е ситно поевтино.

Подвозјето е релативно едноставно. Во однос на цени 2 кратки, 2 внатрешни спони и стабилизатори би те чинеле не повеќе од 100 евра, промена на чаури на трап и гумици на балансштангла би те чинело исто околу 100 евра, со тоа што би платил поскапа работна рака затоа што се вади цел трап, цени на амортизери очекувај околу 50 евра по амортизер. Подвозјето е прилично комфорно, воланот е лесен, чувство на волан скоро никакво.

Се надевам ке најдеш убав примерок, сочуван примерок, само како што советуваа колегите погоре, без брзање.

Свесен сум за секој даден денар, за секој променет дел што го напомена, на одредени километри се менува, имам другар механичар кои би ми помогнал многу,
пишав овде од причина што сакав да сподели некој искуство, веќе некој ја има колата . . .
доколку не би најдел меган солиден, сочуван....
предлог нешто да се даде...

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: Megane II 1.5 dCi Совет
« Одговори #14 на: 08 Ноември 2017, 12:32:52 pm »
брат ми ја има 1.5 106 кс 2004 со 6 брзини. Задоволен сега за сега, отворено троши 5л, град Ск накај 7.  Од кога ја зема пред 2 години 50.000 км поминати, нешто над 200.000 вкупно поминти, никаков проблем, сем проблеми со подвозјето, страдаат стабилизатори, првите во наша сопственост ги смена после 10.000 возење, наредните после 20.000 и еве го левиов после 20.000 е пак при крај. големиот сервис, Кауиш, водна пумпа, дискови задни, предни гуртни, масло, филтри, антифриз со се работна рака цирка 30.000. Во кисела вода, према драчево, не ми текнува не стрит ауто кај авто македонија(исузу), него погоре од истата страна.