Автор Тема: Кое ново возило до 10500евра?  (Прочитано 60355 пати)

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #225 на: 12 Февруари 2020, 18:56:43 pm »
Е па кога земал Рено кој му е крив. Се знае која е претседателска кола во Франција

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #226 на: 12 Февруари 2020, 19:03:12 pm »
и така не сум баш задоволен од клиото, да брчи турбото после некое време, ама не е стегнато како што мислев, и ме нервира дисплејот што е издаден, како да моли некој да го фати да го откорне....после тоа имав време да тркнам, бев до киа салонот, влегов пак во риото, многу постегнато ми делуваше, мислам дека ќе се мрднам ако чекам до април, сто пати ќе се премислам, киата има на лагер баш каква сакам....би сакал да ве прашам дали мислите дека тоа што риото не е на каиш туку со синџир на мотор менува нешто? јас гледав на интернет има и за и против за синџир , што мислите вие?
Тоа ти е Рено ;D

Што е битно дали е ланче или ремен, гледај дали ти се допаѓа како вози колата со соодветниот мотор.

Гледам дека на крај ќе звршиш со Свифт ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #227 на: 12 Февруари 2020, 19:09:11 pm »
Многу драматизираш,санќи ќе се венчаш со колата.
Јас ти реков за киа рио да ја ѕирнеш а ти се уплаши дека е голема фамилиарна кола,е не е,баш е убаво скоцкана внатрешно/надворешно,димензии има слични со поло,ибица,клио,208...И изгледа имаш уплах од тие моторите да не рокне...Епа ќе дојде ден и ќе рокне,нема да е вечен.
Зимаш ново возило со 5-7 години гаранција и ич кур да не те боли за ланецо,до 100.000км сигурно нема да имаш проблем.


Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен sceletone

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #228 на: 12 Февруари 2020, 19:12:53 pm »
тешко дека ке стигнеме до свифт, ќе биде рио изгледа, црно, на лагер, ќе му докупам бандажи за 200 евра и тоа ќе биде....ова не е невообичаено за мене, знам во последен момент да се премислам....а и возењето го направи своето, точно дека риово пробав да го стиснам и му требаше време, но реното беше уште помлитаво, иако подобро звучи....јеби га 900 кубици се....
Имаше може и врска на crime investigation типот бегаше 400 км на бандаши со киа, хахаха

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #229 на: 12 Февруари 2020, 19:18:46 pm »
Штознаеш, прошетај повози и други. Може ќе бендисаш некое количе од овие што се спомнаа во темава. Гледаш повозе Клио и доста работи ти се разјаснија. Затоа е многу важно да се повози колата, вака може да ти личат слични возилата, ама во возење да се екстремно различни. :) Затоа и ти посочуваат разни опции на темава. Има и лагер од некои коли исто така, не се чекаат. Види, размисли и најважно оди види и повози во живо. Ќе сфатиш што зборуваме.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #230 на: 12 Февруари 2020, 19:47:21 pm »
Штета што го исфрлија 1.0 boosterjet-от кај Свифтот ради построги правила за емисии, јас изгледа начекав од последнатата тура. Да влезеш во такво едно кругче, Клио и Рио ќе заборавиш дека некогаш постоеле. Али ако ти го даваат Риото со 1.0 турбо, можеби е подобар избор од Свифт атмосферец

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #231 на: 12 Февруари 2020, 21:19:40 pm »
Убаво моторче тоа 1.0 бостерџет,колку те кошташе?

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #232 на: 13 Февруари 2020, 15:08:41 pm »
15k равно, со перла (burning red) боја, хибрид и фул опрема + наслон за рака

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #233 на: 13 Февруари 2020, 15:17:43 pm »
@Sephiroth како си задоволен од инфотејнмент системот? Android Auto работи?


Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #234 на: 13 Февруари 2020, 15:31:17 pm »
@Sephiroth како си задоволен од инфотејнмент системот? Android Auto работи?

Инфотејмент системот е многу едноставен, без многу опции (тоа ми се свиѓа). Андроид ауто си работи супер, прима гласовни команди и команди од волан. Единствена маана што ја имам најдено е што мачи голема мака да ми се справи со call log-от кога е врзан на блутут (значи не преку андроид ауто). Работи све супер, ама не ми ги дава имињата на луѓето, само телефонски броеви гледам. Не се имам позамарано да го опраам, можда се оправа со подобар нејминг на контактите во телефонот, или е можда проблем со пермисии

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #235 на: 14 Февруари 2020, 20:35:38 pm »
тешко дека ке стигнеме до свифт, ќе биде рио изгледа, црно, на лагер, ќе му докупам бандажи за 200 евра и тоа ќе биде....ова не е невообичаено за мене, знам во последен момент да се премислам....а и возењето го направи своето, точно дека риово пробав да го стиснам и му требаше време, но реното беше уште помлитаво, иако подобро звучи....јеби га 900 кубици се....
Имаше може и врска на crime investigation типот бегаше 400 км на бандаши со киа, хахаха
http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3514575

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #236 на: 14 Февруари 2020, 20:54:20 pm »
Скапо...за 8500 ја имаше нова...

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #237 на: 14 Февруари 2020, 20:55:38 pm »
Можеби ја купил за 18к ;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #238 на: 14 Февруари 2020, 22:16:30 pm »
SK _ _ _ _ AP

Скап. Самото име кажува квалитет.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Кое ново возило до 10500евра?
« Одговори #239 на: 15 Февруари 2020, 13:37:46 pm »
Моменталната цена на промоција беше 9990 евра.
Не е премногу скапа. 2 год стара -2000 евра помалку