Автор Тема: Измами на огласи  (Прочитано 4929 пати)

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Измами на огласи
« на: 21 Октомври 2017, 07:45:40 am »
Барав некоја слична тема ама бидејќи нема решив да отворам нова. Станува збор за искуства со измамници кои се јавуваат на огласи. Моето најново искуство од овој вид беше вчера.
Имам кварцна греалка што ми стои во подрумот и решив да ја огласам.
Ми се јави еден ептен зборлест тип и ми рече дека е заинтересиран за греалката. Нормално му реков да дојди да ја види, провери и после можи да се пазариме. Типов почна да се пазари на невидено демек ете ќе ми верувал на збор. Се испазаривме за цената и ми рече дека бил од Драчево и дали можи да му ја донесам. Му реков дека транспортот не е во цената. Тогаш ми рече дека ако можи да се најдиме на пола пат т.е спроти фонтаната во градски. И ми рече веднаш да тргнам оти тој побрзо ќе стигнел од мене, јас инаку живеам во Хром. Ова ми беше малку чудно ама оти типов беше ептен слаткоречив решив да преминам преку тоа.
Ги облеков патиките, ја ставив греалката в кола и појдов до паркингот кај зоолошка и таму се паркирав. На делот кај што требаше со типов да се видиме нема паркинг, улица е и нема логика тука да застанувам, можи да ме казнат.
Кога се паркирав му се јавив, типов рече да дојдам спроти фонтаната. Јас одбив затоа што на улица пазар не правам и ако сака можи слободно да дојди на паркингот кој е 200-300 метри оддалечен па нарајат да завршиме работа. Типот се правдаше демек дошол со такси(???), па ме убедуваше дека одма ќе ми даде пари ама јас бев упорен и му реков или да дојди на паркингот или ништо од бизнисот. И башка го прашав да не мисли да ја стави под мишка греалкава и така да ја носи до Драчево. Тој ми рече дека синот негов ќе дојдел со џипот да го земел(??). Виде не виде дека неможе да ме убеди се откажа. Не ми беше за парите, греалкава реално вреди меѓу 500 и 750 денари ама некој да ме прави будала не дозволувам.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Измами на огласи
« Одговори #1 на: 21 Октомври 2017, 22:07:49 pm »
Станува збор за некој од форумов? Ако одговорот е не тогаш не гледам поента на муабетов.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Измами на огласи
« Одговори #2 на: 21 Октомври 2017, 22:18:07 pm »
Станува збор за некој од форумов? Ако одговорот е не тогаш не гледам поента на муабетов.
jas gledam poenta i dobro e da se znae i da se slusnat iakustva so prevaranti

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Измами на огласи
« Одговори #3 на: 21 Октомври 2017, 22:29:25 pm »
Има многу такви,ако така гледаме добро поминал во исти град. Има луѓе по карго нарачуваат па никаде ги нема...

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Измами на огласи
« Одговори #4 на: 22 Октомври 2017, 08:25:09 am »
Има многу такви,ако така гледаме добро поминал во исти град. Има луѓе по карго нарачуваат па никаде ги нема...
Ако нарачаш по карго мораш да ја платиш робата пред да ја подигниш. Јас по карго пратив мобилен телефон и парите си ги добив.
Едино другата страна ако не те изматка.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Измами на огласи
« Одговори #5 на: 22 Октомври 2017, 08:50:21 am »
Нема што другата страна да те изматка,едино ако не иде да го подигне пакетот,во карго повеќе не дозволуват да го отвориш пакетот,јас така наседнав ми пратија расипан мобилен телефон од Гостивар и потоа копилето го исклучи телефонот да не му вртам,пишав и порака дека го пријавив у полиција али јабана отидоа 3500 миљарди.

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Измами на огласи
« Одговори #6 на: 22 Октомври 2017, 13:12:40 pm »
За тоа со каргото мене ми се деси пратка да не ја подигни типот и сам си го платив каргото 140 денари мислам...

Е сега секогаш кога купувам преку карго им напоменувам на продавачите да пишат таму да спомнат за да се види пред да се купи.. И фино лепо кога ќе појдам ќе си проверам што е како е, ќе платам па ќе го земам...

Пред некоја ден ми се јави тип за ајфонот за замена преку карго за прилеп да направиме нешто.. И сега ми вика сабајле пратено ти е, ти утре кога ќе можиш тогаш прати.. Другата ден ми вика јас ја оставив пратката во карго, ти до вечер пушти го телефонот за навака.. Се јавувам јас во каргото (тоа за проверки на пратки едно друго) ги прашувам дали има од прилеп пратка марко за тони кичево.. Не ми вика, нема... Океј му пишувам на типот дека ијас  сум го пратил телефонот.. Сабајлето одам тука во карго, ми викаат нема пратка, комбето од прилеп дојде пред 3 саати.. Се јавуваме во прилеп каргото, ни вика нема ни денеска ни вчера ни завчера..

И типот после 2 дена ми пишува тебе најверојатно ти стигна мојот телефон аа твојот каде е уште го немаш пратено ? Зошто зафркаваш вака, зошто не си фер, ќе те пријавам во полиција :O ...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Измами на огласи
« Одговори #7 на: 22 Октомври 2017, 13:14:48 pm »
Па и ти му пиши дека ќе го пријавиш во полиција.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Измами на огласи
« Одговори #8 на: 22 Октомври 2017, 14:13:46 pm »
Па ако си имате пишано сигурно ги чуваш пораките,пак имаш нешто како доказ и можат да потврдат овие од карго дека нема ништо стигнато од тоа лице,барем ке пробат да му се јават и да го заплашат,да му пренесат да го остави телефонот во полиција или ако имаш документи од телефонот пријави го во полиција за украден...

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Измами на огласи
« Одговори #9 на: 22 Октомври 2017, 17:43:54 pm »
Не, нема пријавено сигурно.. ваљда за некое детиште се работи, нема попаметна работа па ќе се снабдува со телефони бесплатно..

Иначе секако дека не му го испратив мојот телефон.. хха..

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Измами на огласи
« Одговори #10 на: 22 Октомври 2017, 18:00:13 pm »
Јас разбрав дека ти го имаш пратено телефонот

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Измами на огласи
« Одговори #11 на: 22 Октомври 2017, 18:01:25 pm »
Бузуки е Пазар3/Реклама5 џедај. Не паѓа на такви измамнички финти.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Измами на огласи
« Одговори #12 на: 22 Октомври 2017, 18:16:34 pm »
Хахх.. па незнам кој нормален врши трампа преку карго... Може едино да ми прати телефонот да го проверам па тек после да му го пратам мојот... И нормално никој не се сложува со тоа :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Измами на огласи
« Одговори #13 на: 22 Октомври 2017, 18:40:40 pm »
Порано талви далаверо шравеа со вестерн унион. Демек ќе ти прати нешѕо по пошта ти да му пратиш пари. Тој ќе прати в пошта празно пакетче, али било шо колку ти ко ќе провериш да има пратка, после ќе си го повлече, а ти не можеш парите од  WU да си ги земиш назад, нити некој закон ти може нешто, оти ќе ти истера филм за да не ти земат провијија ко ќе ги стајш бо wu демек поклон... Така им напраја на едни другари, прво и мене ме убедуваа на времето дека ќе ни даел некој сони пс3(2000-та год)за 100$, па после коа видоја како одат работите тие правеа така, само што нигде ги немаше ко неше работава за делење, али секако не би правел така... али нејсе....

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Измами на огласи
« Одговори #14 на: 22 Октомври 2017, 20:18:07 pm »
имаше во другите ехЈу пред година две,  платил при превземање ама наместо ајфон цигла му стаиле во пакетот.
А имам продадено на времето пред 32години нов компјутер што го добив на наградна игра од белградски весник за компјутери,( ама јас веќе имав Спектрум и овој не ми требаше), го огласив и се јави некој од Ниш, го пратив и ми дојдоа парите ... тогаш имаше развиен бизнис и со касети со компјутерски игри за Спектрум и Комодор, се одеше како подмачкано... а имаше и пирамидална игра со пари праќање по вредносни плика, сопругата 2 пати доби, добра парица... ама почнаа поштарите многу да крадат и пропадна играта,па и другите бизниси а со распадот на ехЈу ...
А за измама нема поголеми измамниции од наш народ, во генот му е; најпроста работа сите фабрики  што постојат во РМ за производи за домаќинство се ВОН СКопје, да биде потешка рекламација на гаранцијата, ќе ти рече донеси го бојлерот во Велес или аспираторот во Прилеп ... и сите се хоштаплери околу гаранцијата, имав лично лошо  искуство и со Микрон и со Леов итн...
Како бе цела Македонија е во Скопје а овие се се некаде во тунгузија