Автор Тема: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !  (Прочитано 24784 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #60 на: 24 Октомври 2017, 09:41:22 am »
Токму тоа.

Башка случајно ја гледав на YouTube снимката од трка во 1998 година. Три-четири коли видов повторно на тркава 2017 ;D


Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #61 на: 24 Октомври 2017, 12:30:11 pm »
Ja gleav vcera onboard snimkata na ekrem...cekajte drugari... vozi bez rakavici, mafta na sekoja krivina, pp aparatot mu se aktivirase , mobilen megju noze...trka? tehnicki priem na vozila? seriozno?

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #62 на: 24 Октомври 2017, 12:52:20 pm »
Мое видување за Скопје Круг 2017

Браво за конечно мрднување на работите и организирање на нешто за тоа браво, но не може да се организира исто како во 1998.

Може во 1998 со фичо и југо и c20 xe/let како најака класа (не дека оваа година беше различно) е ок да имаш банкина како за протест пред влада, но во денешно време се согласувам со АФМ дека МОРА да има прописна банкина.

Не може кај судска палата дечкото од обезбедување да те држи во строј позади банкина и лентата (замисли лента за заштита), а кај саем обезбедувањето да е на тротоар.

Спроти паркингот кај саем кај старта бензинска каде се паркираше голфот и плавата астра имаше редар кој стоеше исто на тротоар без знаменца или било што, а дечкото без навреда беше над 130/140кг така да чисто сумјам дека беше доволно брз за да избеа ако Екрем (со најака кола ако може да се каже а според снимките се гледа неговата способност) направеше глупост тамо како што се деси пред записничката маса.

Редарите не беа спремни и немаа знаменца спремни веднаш да реагираат туку мавтаа со раце, пример кога жолтата астра застана спроти паркингот кај саем редарот трчеше од напред да покаже жолто знаме каде на неговата позиција требаше тој да мафта зелено а пред него тој со жолто.

Не знам и не сум сигурен како е процедурата сега но мислам дека организаторот си ја сноси одговорноста за случката што се деси и ќе треба да одговара за тоа без разлика што тој е настраданиот во овој момент.

Пак ќе кажам браво што мрднаа работите али се покажа дека од 1998ма напреднавме во 2000та со audi a4 b5 што било паркирано до РС4 па му позајмило моторот.

ПС: нека му каже некој на Екрем дека кватро во кривина се вози во брзина со лева нога на кочница а десна на гас.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #63 на: 24 Октомври 2017, 12:57:59 pm »
Ja gleav vcera onboard snimkata na ekrem...cekajte drugari... vozi bez rakavici, mafta na sekoja krivina, pp aparatot mu se aktivirase , mobilen megju noze...trka? tehnicki priem na vozila? seriozno?

Шо мислиш во другите коли што се случуваше?

Како прво, повеќе од пола сигурно не се исправни како шо треба.

Како второ убаво кажаа, ова е ентузијастичка трка. Нема никакви професионални возачи овде.

Не знам што очекувате и од организаторот.

Како прво, „патеката“ не е како што треба, а па да не правиме муабет за други посериозни теми.

На Екрем шалтаблата му леташе по цела кола, боцата (додуше врзана ;D) шетаа по цела кола, мафка на гледачите, кочи 200 метра пред шиканата оти нема кочници (а кој дал технички за да учествува?!), ...на оној му блокира тркало па го собра организаторот.

Што ви кажува тоа?

Џабе дебатираме и солиме памет.

Факт е дека сите што учествуваа се лоши возачи (со еден или двајца исклучоци), организацијата е лоша, условите катастрофа.

Убаво е да има вакви случувања, не велам не, ама си бара голема организација, што повлекува сериозни пари.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #64 на: 24 Октомври 2017, 14:12:43 pm »
Екрем вака пред неколку години мафташе и на Серес и излета на кратко, затоа е легенда човекот ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #65 на: 24 Октомври 2017, 14:55:10 pm »
Кој возеше ЛЕТ мотор, во што беше убутан и како се покажа?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #66 на: 24 Октомври 2017, 15:01:54 pm »
Екрем знам имаше Corsa C со C20LET. Таа белата.

После мислам S2 Audi возеше.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #67 на: 24 Октомври 2017, 19:21:50 pm »
Кој возеше ЛЕТ мотор, во што беше убутан и како се покажа?


Немаше оваа трка никој со LET мотор, само C20XE во неколку возила и добро се покажаа (генерално),
на Југо корсата одлично се движи со тој мотор, исто и кај Давид во астрата (мада тој е малку посебен ;D ).


Околу професионалноста на возачите. Не знам што се подразбира под тоа, дека возеле F1, камион или?
Многу погрешни мислења за луѓе кои не ги познавате.
Алекса со фокусот има златна кацига во картинг во Србија, и доста титули во автомобилски трки,
Урош Бркиќ (дечкото што излета) е исто добар млад српски возач,
Џенинкс со црвеното југо вози трки цел живот, југовци, ЕВО, Клио и што уште не, на кружни, брдски и рели трки.

Тота, Мики, Пуци се одлични наши млади момци со кои имам возено картинг и се навистина талентирани,
е сега можностите кај нас за жал се такви да возат југо, ама ги сакаат трките и возат, што многу го почитувам.

Од сите нив само Екрем е нов во приказнава, што доста несериозно ја има започнато, али се надевам дека ако сака да продолжи со тркиве ќе се внесе посериозно.


Имајте во предвид дека оваа трка не е организирана од страна на Автомобилската Федерација на Македонија
(која практично не постои, освен за дрпање пари), туку ја организираат клубовите кој имаат желба за трки,
а се избришани од членството во федерацијата. Според правилник на ФИА за кружни (градски) натпревари,
мора да има Џерси блокови кои служат како заштита, и многу ми е жал што немањето на финансии се одразува
на безбедноста за што и бевме сведоци. Најголемата трагедија ќе беше да не ја погодеше бандерата при излетувањето,
во тој случај ќе беше масакр во кафичот кој што со цел памет беше ОТВОРЕН за време на трка, на неколку метри од патеката.

Инаку инцидентите се составен дел од моторспортот, но наместо да се плука (што е природно за нас како народ)
треба да се извлече поука и да се работи на подобрување на безбедноста, нешто што ФИА го прави активно последниве години. Да започнеме од нас како гледачи (да ги почитуваме местата за гледање), а организаторите да си работат на нивните подобрувања, бидејќи од плукање никој не видел ништо добро.


Малку се занесов, ама накратко тоа е.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #68 на: 24 Октомври 2017, 19:36:44 pm »
Не, воопшто не се занесе, баш си во право!!

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #69 на: 24 Октомври 2017, 21:26:30 pm »
C20XE кај Давид во астрата (мада тој е малку посебен ;D ).

Малку повеќе посебен, 94-95 чичко Панче, бог да го прости, плати 100.000 марки на Barbolini во Италија за да му ја подготват на Ики.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #70 на: 24 Октомври 2017, 21:47:06 pm »
 zborime za lugje sho dosle so pripraena kola i pominale tehnicki... a zamisli... na tehnicki barale zmigavci... apsurd!
Nikoj ne gi stava vo muabet lugjeto sto znaeme deka cel zivot vozat trki ili pak se novi deca so TRKACKI auta!

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #71 на: 24 Октомври 2017, 22:06:46 pm »
Како и да е, се согласувам со Игор за сите работи.

Штета што мораше да има таков инцидент на тркава, за сефте после толку години, ама тоа е мотоспортот.

Да се надеваме дека в година ќе има пак.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #72 на: 24 Октомври 2017, 22:10:31 pm »
Да зборуваме малку за Петар, синот на Комбе  :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #73 на: 24 Октомври 2017, 22:28:06 pm »
Се надевам ќе има друштво. На Виктор малиот почна да тренира, синот на Иџе доста брзо се опушти и вози одлично, а купија картинг и за синот на Џани кој одлично вози на симулатори и на картинг на свои 7 години (мислам). Сега за сега немаат планови за возење некој шампионат, ама ништо чудно и да почнат, бидејќи имаат желба и талент.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
« Одговори #74 на: 25 Октомври 2017, 00:08:45 am »
a ima li sponzori?
nisto bez pari.