Кој возеше ЛЕТ мотор, во што беше убутан и како се покажа?
Немаше оваа трка никој со LET мотор, само C20XE во неколку возила и добро се покажаа (генерално),
на Југо корсата одлично се движи со тој мотор, исто и кај Давид во астрата (мада тој е малку посебен
).
Околу професионалноста на возачите. Не знам што се подразбира под тоа, дека возеле F1, камион или?
Многу погрешни мислења за луѓе кои не ги познавате.
Алекса со фокусот има златна кацига во картинг во Србија, и доста титули во автомобилски трки,
Урош Бркиќ (дечкото што излета) е исто добар млад српски возач,
Џенинкс со црвеното југо вози трки цел живот, југовци, ЕВО, Клио и што уште не, на кружни, брдски и рели трки.
Тота, Мики, Пуци се одлични наши млади момци со кои имам возено картинг и се навистина талентирани,
е сега можностите кај нас за жал се такви да возат југо, ама ги сакаат трките и возат, што многу го почитувам.
Од сите нив само Екрем е нов во приказнава, што доста несериозно ја има започнато, али се надевам дека ако сака да продолжи со тркиве ќе се внесе посериозно.
Имајте во предвид дека оваа трка не е организирана од страна на Автомобилската Федерација на Македонија
(која практично не постои, освен за дрпање пари), туку ја организираат клубовите кој имаат желба за трки,
а се избришани од членството во федерацијата. Според правилник на ФИА за кружни (градски) натпревари,
мора да има Џерси блокови кои служат како заштита, и многу ми е жал што немањето на финансии се одразува
на безбедноста за што и бевме сведоци. Најголемата трагедија ќе беше да не ја погодеше бандерата при излетувањето,
во тој случај ќе беше масакр во кафичот кој што со цел памет беше ОТВОРЕН за време на трка, на неколку метри од патеката.
Инаку инцидентите се составен дел од моторспортот, но наместо да се плука (што е природно за нас како народ)
треба да се извлече поука и да се работи на подобрување на безбедноста, нешто што ФИА го прави активно последниве години. Да започнеме од нас како гледачи (да ги почитуваме местата за гледање), а организаторите да си работат на нивните подобрувања, бидејќи од плукање никој не видел ништо добро.
Малку се занесов, ама накратко тоа е.